Реклама
Кожа и ноктиНега и здравје

Како до безболна депилација?

Реклама

Полека но сигурно доаѓаат оние денови од годината кога ќе треба да се опуштиме на некоја преубава плажа, покрај милион љубопитни лица кои буквално ќе не соблекуваат со нивните погледи.

 

Маркетинг

Тоа значи дека треба да бидеме во топ форма и да ја прифатиме летната игра, а ова пред се подразбира да бидеме целосно средени.

Депилацијата на бикини зоната не може да биде потполно безболна, но постојат неколку начини болката да се сведе на најмала можна мера. Иако постапката не е баш пријатна, нема да се чувствувате пријатно ни доколку костимот за капење открива повеќе одошто треба. Постапката е болна, но сепак кратка, па така многу девојки сепак се определуваат за целосна депилација на бикини зоната, односно бразилска депилација, како од хигиенски, така и од естетски причини.

Маркетинг

Почекајте месец дена

Доколку сакате да направите депилација на бикини зоната, најдобро ќе биде да ги оставите влакненцата да пораснат, односно да не ги отстранувате околу месец дена. Сигурно ќе ви биде тешко да издржите, но имајте во предвид дека влакненцата мора да бидат соодветно долги за успешна депилација!

Внимавајте на инфекции

Треба да бидете внимателна кога ги остранувате влакненцата. Доколку на приборот пишува дека е за еднократна употреба, тогаш не користете го повеќе пати бидејќи може да создаде инфекција. Истото треба да и го кажете и на вашата козметичарка, за случајно да не употребува веќе користен прибор.

Пилинг еден ден претходно

Пред да ја направите депилацијата задолжително направете пилинг, и тоа еден ден претходно. Пилингот е неопходен за да се отстранат сите мртви клетки и нечистотии од кожата и да се овозможи подобра депилација. Но, пилингот може да ја иритира кожата, па затоа најдобро е да го направите неколку часа пред депилацијата или претходниот ден.

Дишете длабоко

Болката е неизбежна, но можете да ја намалите доколку дишете правилно. Во стресни ситуации луѓето забораваат да дишат, па така се вртите во круг со болката. Затоа најдобро е длабоко да вдишувате и издишувате.

Нега

Кожата по депилацијата на бикини зоната е поприлично нежна, па затоа е потребно соодветно да ја негувате. Мачкајте се со соодветна крема или гел од алое вера кој ја смирува кожата, и тоа неколку дена по депилацијата.

Врати се горе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button