Огласи
CelebrityTV

„Без Саша нема ништо да биде исто“ – откриени детали за судбината на „Ѕвездите на Гранд“

advertisement
advert

Долгогодишниот соработник и пријател на покојниот Саша Поповиќ, Микица Гачиќ, проговори за иднината на музичкото натпреварување „Звезде Гранда“ и откри дали ќе дојде до промени во жири-екипата.

Откако Поповиќ ја загуби битката со тешката болест, многумина се прашуваа дали популарното натпреварување ќе продолжи и во кој облик.

реклама

Но, како што беше потврдено, новата сезона се подготвува, а тимот ќе се труди да ја одржи визијата на основачот.

„Никогаш повеќе не може да биде како што беше кога Сале беше жив. Тој и јас последните 12 години работевме заедно на аудиции, бев прв негов соработник, а се познаваме повеќе од 25 години. Да, голема е тагата, но ние продолживме да работиме. Брзо започнуваме нови аудиции за новата сезона, стартуваме со поголема сила затоа што тој го направи сето тоа и мораме да ја почитуваме таа приказна“, рече Микица за српски Телеграф.

Тој исто така стави точка на шпекулациите за промени во составот на жири-то.

Марpкетинг

„За сега, сè останува исто. Изминатите години Саша повторуваше дека тимот кој победува не треба да се менува. Тие се најдобрите за нас“, нагласи Гачиќ.

фото-принтскрин

Основачот и креативен директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, почина на 1 март по тешко боледување.

Тој последните месеци се лекуваше на клиника во Париз, каде и почина, а неговата сопруга Сузана, ќерката Александра и посинокот Даниел беа со него во последните моменти од животот.

Во вечното почивалиште беше испратен на 6 март 2025 година на белградските гробишта.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button