Бевме во Стокомак, нема да ви се верува што денес пронајдовме таму – и цената ќе ве изненади
Можеби токму сега е вистинското време за ова

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Необичен производ на кој случајно налетавме
Како и секоја недела така и оваа решивме да ги разгледаме каталозите на нашите најпознати маркети.
Овој пат во фокусот ни е еден необичен производ кој сигурно досега не сте го купиле во маркет, а кој верувале или не, овој пат можете да го најдете со поволна цена во продавниците на Стокомак.
Илустрација (Фрипик)
Станува збор за монтажен базен (да, да, добро прочитавте), со должина од 4 метри и цели 2 метри ширина.
Базенот е направен од цврста челична кружна конструкција отпорна на р’ѓосување, додека трослојните странични ѕидови се отпорни на сонце, а се поставува за само 45 минути со 2-3 лица.
Принтскрин/ Фејсбук, Стокомак
Супер хит цена – 18099 денари
Па, доколку барате базен кој можете едноставно да го поставите и да го искористите просторот во вашиот двор, овој базен од 18.099 денари од Стокомак можеби е вистинското решение за вас.
Принтскрин/ Меркур.сл
Освен што ќе биде централно место за разладување од високите температури, околу него може да го соберете и вашето друштво. Замислете ја само следната ситуација – собрани сте со твојата екипа во дворот, еден пријател ја прави скарата, сопругите седат во сенката, а вие останатите пиете пиво во базенот и се разладувате. Делува како идила, но која може многу лесно да стане реалност, нели?
Принтскрин/ Меркур.сл
Цената на истиот базен во Словенија – 559.99 евра?!
Базенот е длабок 1 метар и 22 сантиметри, така што преставува вистински базен кој може да им ги исполни сонот на многумина. Неговата монтажа и расклопување воопшто не е тешка, а во базенот може слободно да се капете со своите најблиски и максимално да уживате.