Бевме во посета на еден од најпознатите маркети во Македонија – тука е поевтино и од пазарите
Три марули за 50 денари?

Бевме, видовме и еве што си купивме
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
На нашите пазари најскап производ се оревите, но многумина денес овој производ го купуваат од маркетите.
Тоа се однесува и за останатиот зеленчук, но и за сите видови овошје кои во некои маркети се дури и поевтини отколку на пазарите.
Па така на пример пилјарите во КАМ маркетите работат турбо, каде на пример преку цела година има добар компир.
Фото: Гламур магазин
Веруваме дека компирот тука се троши одлично, посебно кога цената му е поволна, а една повозрасна жена со која поразговаравме ни откри дека и младиот компир што го имаат во понудата им е вкусен, иако е нешто поскап од обичниот, но и од оној на пазарите.
Фото: Гламур магазин
Марула за само 17 денари
На големо се троши и марулата, која во овој маркет се продава за 17 денари по парче, а спанаќот може да се купи за 86 денари.
Фото: Гламур магазин
Од друга страна, на нивните рафтови се почесто може да се најде и млад кромид и лук, а цената е 18 денари, односно 26 денари за парче.
Најголем распон на цени има кај јаболкото, а од јужното овошје редовно има банани и тие во моментов се нешто под 80 денари.
Фото: Гламур магазин
Главица лук е 20 денари за парче – на овој начин, па дури и со повисока цена, се продава и во другите маркети.
Фото: Гламур магазин
Поприлично скапи во моментот се и тиквиците кои се продаваат за 132 денари, а многумина се во „шок“ и од цената на пиперките.
Килограм пиперки во Рамстор – 259 денари
Имено, цената на благите пиперки како во Кам, така и во останатите маркети, па и на пазарите се движи од 200 до 350 денари.
Повеќе за ова прочитајте тука...