Бевме во КАМ, но ова навистина не го очекувавме – ќе се изненадите што продаваат во овој маркет
Неколку интересни производи...

Бевме, видовме и еве што избравме
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Нови интересни цени во нашите маркети
И оваа недела ги разгледаме каталозите на неколку наши познати маркети (види тука), па денес решивме да ви претставиме неколку производи што ни изгледаат интересни, со нови цени.
И тоа од една од омилените шопинг дестинации на многу наши сограѓани кога станува збор на прехранбени производи, а каде забележавме одлични цени и на производите за чистење, нега и хигиена, како и еден необичен производ кога станува збор за маркет.
Да, во прашање е КАМ маркет, а што е она што го привлече нашето внимание во новиот каталог, погледнете во продолжение.
Како што веќе рековме, од новиот каталог на КАМ го издвојуваме детергентот за перење алишта во големо ХХЛ пакување.
Факс – пакување од 8 кг 689 денари
Станува збор за пакување од Факс од 8 килограми кој моментално е на попуст од 13 %, па од 789 денари е намален на 689 денари.
Осоговски мешан кашкавал – 469 денари
Втор производ кој исто така ни привлече внимание е мешаниот Осоговски кашкавал кој се продава за 469 денари, а убедливо важи за еден од најдобрите кашкавали кај нас.
Ќе ја споменеме и вкусната посна вртена пита со спанаќ ( 800 гр.) од Сели Печи која се продава за само 119 денари.
Од денес во маркетите на КАМ во ограничени количини можат да се најдат и интересни тави за печење, но она што можеби најмногу не изненади, а што навистина не очекувавме, се велосипедите, кои исто така се во ограничени количини, а очигледно се продаваат како алвга затоа што имаат супер цени.
Велосипед – 3999 денари
Има и машки и женски модели, како и неколку различни величини, а се продаваат од 3499 денари, до 9299 денари.
Повеќе детали за овие производи, но и за останатите цени и од новиот каталог кој трае до 13 април, побарајте на нивната официјална Фејсбук страница или во некој од најблиските маркети.
Но побрзајте, количините на некои од овие производи се ограничени, а некои пак и ги нема во сите маркети.