БизнисПрепораки

Бевме во КАМ и Стокомак и еве каде е поевтино – ќе се изненадите од цените на овие необични производи

Бевме, видовме и еве што овој пат избравме за вас ...

Advertisement

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.

Празникот 1. Мај веќе традиционално се слави со правење скара и уживање во природа со најблиските и пријателите.

Но пред да заминете некаде на пикник и да го искористите слободното време, најпрво треба да ги набавите сите потребни намирници.

Advertisement

И по долгиот велигденски пост, овој празник е познат и по тоа што се прави и јаде скара, што значи дека ќе ви треба и месо.

А кога е месото во прашање, цената се разликува во продавниците и месарите, но и квалитетот не е секаде ист.

Advertisement

Затоа најдобро е да купувате месо од веќе проверено место, каде е најдобар односот помеѓу цената и квалитетот.

Од друга страна, од каталозите на нашите маркети може да видиме дека во многу од нив пред празникот нудат попусти на најразлични производи, додека има и такви кои се обидуваат и дополнително да заработат, па затоа и ги подигаат цените.

СТОКОМАК

Во најновиот каталог на Стокомак може да најдете скара на ќумур со ногарки како и скара на плин по супер цена.

Фото; Стокомак, Гламур

Скара на ќумур со ногарки, која има заштитник од ветар и скараџиска решетка се продава по цена од 679 денари, додека скарата на плин, со стандарден вентил се продава за само 1399 денари.

И со двете скари добивате гратис штипка за скара.

Но кога сме веќе кај скарата и празникот 1. Мај, не треба да заборавиме и на ќумурот, па така во овој познат маркет ќумур за скара од 2 килограми се продава за 149 денари.

КАМ МАРКЕТ

Што се однесува до Кам Маркет, во текот на оваа недела во нивните продавници може да најдете домат за 99 денари, потоа тиквица за само 55 денари, краставицата 62 и портокал за 59 денари. Овие цени важат до недела, односно до 04. мај.

Фото: Кам, Гламур

Ќе го споменеме и пилешкото филе од Коко Да кое според најновиот каталог се продава за 199 денари за пакување од 620 грам.

Во Кам Маркет моментално на продажба има и скара на ќумур по супер цена од 649 денари, но и сет за скара составен од штипка, виљушка, шпакла и четка са само 699 денари, додека ќумурот од 2 кг е 145 денари.

Фото: Кам, Гламур

Имаат и коцки за потпалување, како и една малку помала скара, но и интересен гарнитура – маса со четири столчиња за пикник.

Ќе го споменеме и семејниот сет за скара од Римес составен од плескавици, кременадли и колбас за само 399 денари.

Заклучок

Скарата во КАМ 649 денари, во Стокомак 679.

И ќумурот е приближно со иста цена, односно 149 денари во Стокомак наспрема 145 денари во КАМ, што значи дека цените се тука некаде.

Што мислите вие, кој од овие два маркети е поевтин?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button