Интервју

„Бев среќна жена, мајка, сопруга, но животот ми се претвори во пекол“

Мајка од Скопје која и покрај големата трагедија и сите искушенија низ кои што помина не се предава и остана силна

Реклама
Реклама

Александра Кранфиловска,  бизнизменка, храбра жена, мајка што ја помина и се уште ја пребродува најтешката болка во животот, загубата на своето дете.  Во 2016 година се случи огромна трагедија, кога ја загуби ќерката Стефанија Брзанова, на 20-годишна возраст. По седум години, оваа жена се одлучи за првпат јавно да проговори за тоа како се чувствува сега и како ги поминала најтешките години од животот, и преку својот личен пример, да им помогне на сите оние што некогаш се нашле во ситуација на било кој начин слична на нејзината..

Каранфиловска е сопственичка на  познат спа – центар, во последните години објави четири книги, романи, а за Гламур.мк открива и дека од 16 години почнала да слика. Ја обожува уметноста.

Таа раскажува дека почнала да работи многу млада, но и млада се омажила, многу рано станала и мајка.

Маркетинг

Фото: Приватна архива

„На 18 години ја родив Стефи, а на 22 Никол. Бев многу среќна. Си ја сакав работата, семјеството. На децата сама им ја кречев собата во различни бои  и им цртав по ѕидовите, цветови, гранки… Многу убаво живеевме, шетавме, одевме на одмор. Не ни посмислував дека ќе ми се случи трагедија“, вели оваа мајка.

Маркетинг

Вие сте една многу храбра жена, минувајќи низ најголемата трагедија што на еден родител може да му се случи, болката , тагата и стравот ги канализиравте преку пишаниот збор. Изминатиов период напишавте четири книги. Што раскажувате во книгите?

Бев среќна жена, мајка, сопруга, живев нормален живот, но животот ми се претвори во пекол! Трагедијата ме лупна од земја. Порталите почнаа да пишуваат за мојата трагедија, а некои луѓе почнаа да ме навредуваат во коментарите на социјалните мрежи. Беа бесчувствителни, пишуваа лоши работи за мене, како да сум им најголемиот непријател… Не можев да излезам да си купам леб, ме прогонуваа нивните зборови. Ги загубив пријателите и клинетите во салонот. Тогаш се затворив и ја напишав првата книга. Едноставно, се истурив.  Јас бев човек што чита книги, не верував дека јас некогаш ќе напишам книга.

Фото: Приватна архива

Во првата книга обележав многи настани, многу луѓе ги обележав, им го загорчив животот на сите тие што и го загорчија животот на Стефи. Откако ја напишав почувствував олеснување. Потоа следуваше голема промоција, навистина голема, имав над 200 луѓе. Парите од продажбата ги донирав за болно девојче.

Овие 8 години ми минаа многу тешко, постојано одев на психијатар и се борев сама со себе. По извесно време започнав да работам во спа-центарот и почнав да запознавам нови прекрасни луѓе, полека почнаа да се враќаат и старите клиенти. Но, не заборавам кога ми беше најтешко никој не ми подаде рака!

Фото: Приватна архива

Па, зарем е важен изгледот во едно мајчинство?!

Изгледа им требаше да ја прочитаат книгата за да светат колку си ги сакам децата како и секоја мајка.Многу ми е драго, што со првата книга на многу мајки што ги загубиле децата  им помогнав.

Втората книга си додје сама по себе и третата исто, а е еве ја и четвртата.

Во книгите пишувам како човек да се сноси со тага, болка, со луѓето кои те плукаат, а не знаат ништо за вас.

За овие две години можам да кажам дека се вратив 70 проценти во нормала, не пијам седативи научив да живеам со болката и тагата, а имам и човек што ме сака имам и друго дете. А Стефи ќе остане во срцето засекогаш. Работата исто така ме исполнува. Почнав да сликам, и да бидам рамна линија во мојата резиденција, во мојата комфорна зона. Јас сум родена како лидер, живеам како лидер и ќе умрам како лидер.

Фото: Приватна архива

Многу пати јавно сте кажале за тоа дека многу мајки и воопшто родители кои поминале низ неков тежок период утехата ја бараат во вашите дела, во разговор со вас. Ви се обратија ли многу мајки (татковци) за да си ја отвороат душата и да ви раскажат дека поминале низ истото?

Многу се радувам кога ќе помогнам некому, да, најчесто на жените.  Многу ги сакам и поддржувам сите жени, за мене секоја жена е кралица. Затоа ќе им кажам, без оглед на се, само стиснете заби јако ,  најпосле сите одиме на едно место, да не се откажувате!

Пред некое време многу ми беше драго, кога една женичка ми пиша:

„Александра мојот психијатар ми ги предложи твоите книги да ги прочитам.“

За сите заинтерсирани книгите можат да се набават во спа-центарот кај мене.

Фото: Приватна архива

Колку вам ви помогна конатктот и споделувањето на слична судбина со другите луѓе?

Од се ова станав посилна. Од булингот што ми го правеа со месеци  по 400 пораки во спам ми стигаа,  повеќето со навредливи зборови, порталите пишуваа…Но јас излегов како победник.

Новите луѓе кои ги запознав преку работата ми помогна многу за да се рестартирам. Јас велам, сега го живеам мојот втор живот!

Велат дека во лошо најмногу се гледа дали имаш пријатели. Какво е вашето искуство?

Мојата ќерка е моја другарка и нејзиното друштво, партнерот и мајка ми, брат ми, снаата и внучињата , толку!

Фото: Приватна архива

Вие сте гласноговрник во одбрана на жената, поради работата во спа-центарот постојано сте опкружени со претставнички на понежниот пол. Што мислите дали некогаш ќе успееме да го надминеме тоа да ја судиме жената по надворешниот изглед?

Видете, јас работам со многу јавни личности. Кај мене во салонот постои интимност, секоја жена си добива посебен третман.

Покрај козметичките услуги, тука сум  да ги сослушам, но во никој случај не дозволувам озборување. Кога ќе почне некоја жена да зборува за друга жена ја сопирам! Што се однесува до вашето прашање, мислам дека никогаш нема да го надминеме, а тоа е затоа што жените меѓу себе не се почитуваат.

Не значи дека ако жената е средена дека е помлку домаќинка.

 

Дали како општество потклекнуваме во тоа да се подигне свеста за менталното здравје меѓу народот?

Многу е важно детството. Јас потекнувам од прекрасно семејсво, мојот татко ми е идол! Тој направи да се сакам себеси. Ние дома ручавме точно во три часот, со наместени исти тајнири на маса и разговаравме. Јас тоа се обидов да им го пренесам на моите деца. Треба да се работи на сопствениот изглед, но и на интелигенцијата, прочитајте книга наместо да се дружите со „енергетски цицачи“.

Фото: Приватна архива

Во нашата држава судот и полицијата не функционираат, но фејсбукот функционира одлично!Исплукајте го тој што ќе ви згреши и означете го на ФБ, па да видиме дали ќе му текне уште еднаш да ве спомне.

Кога ќе ви се случи трагедија не се завивајте во црно. Во црното нема утеха. Мора да си  најдете друг канал на среќа.

Фото: Приватна архива

Децата никогаш нема да приметат што има за јадење , но ќе ги приметат тажните очи на мајката. Душата жали, не црното!

А црната е моја боја. Мене ме судеа што ставав црвен кармин и црвени нокти. Но, некои од оние жени што ме плукаа и осудуваа порано, што зборуваа погрдно за мене, и што немаа прочитано ниту една книга, на крај ја прочитаа мојата и ми станаа фанови. Навистина, понекогаш луѓето се чудни и непредвидливи, но таков е и животот…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button