Кафе муабети, гостин Дамјан Стојаноски
Емисијата „Кафе муабети “со нашиот фолк-пејач Дамјан Стојаноски гледате ја вечерва во 21.00 часот на јутуб каналот на Гламур
Вечерва гостин во емисијата „Кафе муабети“ која ќе се емитува во 21.00 часот е нашиот фолк-пејач Дамјан Стојаноски, син на легендарниот Војо Стојаноски. Талентираниот пејач во емисијата зборува за својата кариера, но ќе сподели и детали и од неговиот приватен живот.

Принтскрин/ Јутуб
Во еден дел од разговорот, Дамјан открива и каков татко беше Војо, но каков е и тој како родители и како сопруг.
Помуабетивме и за неговото родно село Букојчани, како и за односот со неговите братучеди, Влатко и Златко Миладиноски.
Претходната емисија со Борче Наумовски Министерот гледајте ја тука>>
Во опуштен разговор со водителката Виолета П. Периќ, Дамјан ќе ги искаже и своите лични ставови и размислувања околу состојбата со македонската музика и зошто смета дека е потценета, но нема да ги заборави и легендите на македонската народна песна кои според него не се испочитувани онака како што треба.
Премиерата на емисијата Кафе муабети погледнете ја вечерва, во 21.00 часот, тука или на јутуб каналот на Гламур.
Кликнете тука и станете дел од нашата заедница на Јутуб ►►



