Бев будала, јас сум виновен за шарената револуција – шокантна исповед на Боки 13 го тресе Балканот
Боки откри и дека бил сведок на рекет од 2.500.000 евра

Контроверзниот шоумен Бојан Јовановски (39) познат како Боки 13 по долго време прв пат повторно и на медиумите во Србија.
Тој се појави како специјален гостин во емисијата „Ами-Џи шоу“ на водителот Огњен Амиџиќ, каде потполно а отвори душата и за прв пат раскажа пикантерии што претходеа на неговото апсење.
Боки во емисијата се присети на 15 јули 2019 година, денот кога беше уапсен кога со своите пријатели тргна на одмор.
Принтскрин/ ТВ Пинк
Тој тогаш ја имаше својата нова телевизија, а бидејќи беше дел и од НВО секторот, беше и политички активен.
„Во тоа време опозицијата беше моја опција, јас сум директен виновник за шарената револуција во Македонија и морам да признаам дека бев будала, мислевме дека ја менуваме владата во тоа време со намера сè да биде подобро, а оние што дојдоа потоа всушност беа ‘гладни и жедни’, користеа сè што можеше да се искористи“, вели Боки во емисијата.
Принтскрин/ ТВ Пинк
„Многу им верував на луѓето и играв игри таму каде што не требаше. Тие тврдеа дека го рекетирав тој бизнисмен, но јас го негирам тоа кривично дело, иако признавам вина за други работи бидејќи бев вмешан во сето тоа. Бев сведок кога еден бизнисмен мораше да плати 2.500.000 евра за да не бидат објавени неговите разговори што немаа никаква врска со политиката.“ изјави Боки во „Ами-џи шоу“.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Боки по неколку години поминати зад решетки, му се врати на својот начин на живот.
Тој неодамна го започна и своето ново шоу, а цело време е и поприлично активен на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Па така пред само неколку недели споделуваше интересни снимки од неговото луксузно летување со мајка му Јасмина, а кога се врати во Македонија го чекаше големо изненадување од најблиските.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Имено, на Боки му беше роденден, па си доби торта во форма на чанта од луксузниот бренд „Шанел“.
И тој и мајка му тогаш позираа со чанти од истиот бренд, а сите беа изненадени од тоа како изгледаше и неговата мајка.
Повеќе за ова прочитајте тука >>