LIFESTYLEMAMAВести

„Бев 24 минути мртва, но никогаш не сум се чувствувала поприсутна“ – исповед на социолог што доживеа клиничка смрт

„Прво што почувствував беше неверојатен мир. Првпат по долго време немав никаква болка – ни физичка, ни емотивна. Како да ми беше тргнат огромен товар од грбот“, раскажува Теса.

Advertisement

Теса Ромеро, социолог од јужна Шпанија, доживеала клиничка смрт во траење од 24 минути додека ги возела своите ќерки на училиште. Нејзиното срце престанало да чука, а лекарите не успеале да утврдат точна дијагнозна – некои сметаат дека станува збор за акутен инфаркт, додека други велат дека е ненадеен срцев застој.

Во својата книга „24 минути на другата страна: Живот без страв од смртта“, таа детално го опишува искуството што ѝ го променило животот.

Advertisement
принтскрин инстаграм

„Почувствував огромен мир“

Лекарите ѝ кажале дека нејзиното срце не чукало цели 24 минути, но тоа што таа го доживеала за тоа време го сменило нејзиниот поглед на животот.

„Прво што почувствував беше неверојатен мир. Првпат по долго време немав никаква болка – ни физичка, ни емотивна. Како да ми беше тргнат огромен товар од грбот“, раскажува Теса.

„Се сеќавам дека лебдев над просторијата и гледав што се случува под мене. Ги гледав лекарите како трчаат низ ходниците на малата клиника каде што ме донесоа, но најемотивниот момент беше кога ги видов моите ќерки како седат во чекалната.“

Advertisement

„Го гледав своето безживотно тело, но не сфаќав дека сум мртва“

Теса вели дека била целосно свесна за случувањата околу неа, но не можела да разбере што точно се случува.

„Го гледав телото што лежеше таму, но не сфаќав дека е мое. Не чувствував страв, туку напротив – чувствував дека сум целосно жива, будна и присутна. Не можев да разберам зошто никој не ме гледа и не ми одговара“, вели таа.

Пред ова искуство, Теса била скептична за постоењето на живот после смртта. Но, сега тврди дека она што го доживеала не е халуцинација, туку нешто сосема реално.

принтскрин инстаграм

„Светот потоа изгледаше поинаку“

„Кога се разбудив, знаев со апсолутна сигурност дека тоа не беше сон. Светот околу мене беше поинаков, како да гледам низ некаков старински филтер. Времето течеше поинаку – побавно, подлабоко, исполнето со значење“, опишува таа.

Пред нејзиното срце да застане, Теса со месеци имала здравствени проблеми, но лекарите не можеле да откријат што точно не е во ред.

„Ми ги направија сите можни анализи, но ниту еден тест не даде конкретен одговор. Моето тело едноставно откажуваше, а никој не можеше да објасни зошто“, раскажува таа.

принтскрин јутјуб

По нејзиното искуство, многу лекари, невролози и научници кои ги проучуваат ваквите феномени стапиле во контакт со неа.

„Некои ми кажаа нешто што ме погоди – дека мојата болест можеби била физичка манифестација на мојата емотивна состојба. Тогаш поминував низ најтешкиот период во мојот живот. Понекогаш, она што не го изговараме, нашето тело го вреска наместо нас.“

Повеќе не се плаши од смртта

Теса вели дека ова искуство ѝ го сменило односот кон смртта – сега повеќе не ја плаши.

„Порано смртта ми изгледаше како нешто мрачно, непознато и болно. Сега знам дека таа не е крајот, туку премин. Тоа е како да минуваш низ врата во место каде сè има смисла, каде љубовта и мирот го исполнуваат сето постоење. Сега знам – не сме сами и бескрајно сме сакани.“

Научни теории за искуствата близу смртта

Научниците сè уште немаат дефинитивно објаснување за она што се случува за време на клиничка смрт, но истражувањата покажуваат дека човечкиот мозок може да остане активен и откако срцето ќе престане да чука.

Некои студии дури сугерираат дека одредени електрични активности може да се регистрираат во мозокот и до еден час по прекинот на дотокот на кислород.

Ова покренува дилеми – дали сегашните медицински критериуми за прогласување на смртта треба да бидат преиспитани?

Искуствата што ги раскажуваат луѓето кои преживеале клиничка смрт се неверојатно слични – чувство на лебдење, светлина на крајот од тунелот, средби со починати блиски.

Додека некои сметаат дека овие сведоштва се доказ за постоење на задгробен живот, други научници велат дека тие се резултат на сложени хемиски процеси во мозокот. Сепак, едно прашање останува неодговорено – зошто овие искуства се речиси идентични кај луѓе од различни делови на светот?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button