Реклама
Вести и политика

Беше весело во семејниот дом на Милошоски – му пристигнуваат честитки, куќа полна мераци

Поранешниот министер се огласи со голем мерак

Реклама

Познатиот политичар се огласи со преубава причина

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, има пет деца, на кои е многу горд.

Тој на своите профили на социјалните мрежи знае одвреме-навреме да сподели семејни фотографии и да покаже како ужива со своите најблиски, а овој пат ги изненади сите со една од своите последни објави и тоа на офиијалниот Фејсбук профил.

Маркетинг

Имено, Милошоски сподели фотографија на која е со својот татко, а причината за тоа воодушеви многумина.

Маркетинг
Фејсбук/ Антонио Милошоски

Поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на овој начин му го честиташе роденденот на својот татко, Милош Милошоски, со заедничка фотографија и емотивна роденденска порака.

„Милош Милошоски 74, Среќен роденден Татко, здрав жив, догодина заедно повесели“, напиша Милошоски под фотографијата што ја сподели на својот профил на Фејсбук.

Фејсбук/ Антонио Милошоски

Наскоро уште една голема прослава

Милошоски за неколку дена ќе го слави својот 49 ти роденден, и тоа во предвечерието на денот на кој го славиме големиот светител Свети Антониј Велики. Милошоски е роден на 29 јануари, а овој светител според јулијанскиот календар се слави на 30-ти јануари, додека според грегоријанскиот на 17-ти.

Фејсбук/ Антонио Милошоски

Потсетуваме, поранешниот министер покрај тоа што е посветен на политиката, тој е и грижлив сопруг и татко на пет деца.

Фејсбук/ Антонио Милошоски

И за да се биде успешен во кариерата, но во исто време и во семејството, мора да се има и максимална поддршка од партнерот.

Фејсбук/ Антонио Милошоски

Милошоски очигледно тоа го има од својата сопруга Симона, а плод на нивната голема љубов се нивните четири дечиња.

Од првиот брак Антонио има и еден син, а со Симона имаат три ќерки и еден син и важи за првиот македонски политичар кој има многудетно семејство, во вистинската смисла на зборот.

Фејсбук/ Антонио Милошоски

Веднаш до него на оваа листа според бројот на дечиња е политичарот Владимир Ѓорчев, кој исто така е од ВМРО-ДПМНЕ.

Фејсбук/ Антонио Милошоски

Милошески не го криеше задоволството кога стана татко по петти пат, па и оваа вест тогаш ја сподели на социјалните мрежи.

„Драги пријатели, Во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко! Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските“ напиша тогаш Милошоски на својот Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button