Беше весело во куќата на проф. д-р Вело Марковски – пристигаат честитки, парот со преубава вест
Никого не остави рамнодушен и со својот изглед
Поранешната манекенка Евгенија Марковска го прослави својот роденден, па сподели неколку фотки на Инстаграм.
Имено, Евгенија која е во брак со професорот др. Вело Марковски на својот Инстаграм профил сподели едно интересно модно издание, а го откри и бројот на годините, но на малку скриен начин.
Таа напиша дека е стара 11 323 денови, па оние кои се љубопитни можат и да пресметаат колку години наполни.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Но она што исто така ги изненади сите беше и нејзиното модно издание, посебно еден тренди детаљ што го носеше.
Станува збор за нејзините високи бели чизмички кои Евгенија одлично ги вклопи со кусото здолниште, но и белата ролка.
Како таа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Потсетуваме, поранешната манекенка која некогаш беше дел од модното студио „Шанел“ од Битола често знае да ги изненади своите следбеници со своите интересни модни комбинации.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Таа и покрај тоа што има две бремености зад себе се уште изгледа одлично, а во една пригода за Гламур откри и како се одржува во форма. И како што самата го опиша тогаш режимот на исхрана што го практикува нејзиниот појадок најчесто се состои од овесна каша или овошно смути, додека во текот на денот користи разновидна, но избалансирана храна, а редовно практикува и физичка активност.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
„Сакам да вежбам фитнес 5 пати неделно по еден час и тоа го правам во домашни услови. Има денови кога едноставно немам желба за вежбање и тоа е во ред, потребно е да го слушаме сопственото тело. Кога времето е убаво сакам да го поминам во прошетка со семејството“, ни откри во една пригода оваа млада дама, сопруга и горда мајка на две прекрасни ангелчиња што ги доби со професорот Вело.
Целото интервју со неа прочитајте го тука...