Беше весело во куќата на Маја и Дарко Панчев – им пристигнуваат честитки, големи радости (фото)
Пејачката ги сподели радосните вести со сите

Беше весело овој викенд во домот на познатото семејство
Пејачката Маја Гроздановска Панчева имаше посебен повод за прослава, а доби убаво изненадување и од ќерките.
Имено, Маја славеше роденден, а меѓу првите кои ја изненадија со честитка беа нејзините ќерки Надица и Марија.
Инстаграм/ Маја Гроздановска Панчева
Тие јавно и го честитаа преку социјалните мрежи, а Марија објави и една стара фотографија на која е со својата мајка.
„Среќен роденден мамче“, напиша таа.
Инстаграм/ Марија Панчева
Маја цел ден добиваше честитки и од своите пријатели, а повеќето од нив ги сподели на својот профил на Инстаграм.
„Ви благодарам од срце за искрените честитки и желби. Да сте ми живи и здрави“, напиша Маја на крајот од денот на својот Инстаграм.
Инстаграм/ Маја Гроздановска Панчева
Потсетуваме, Маја пред само неколку дена ги изненади сите со неколку фотографии што ги сподели на социјалните мрежи.
Имено, Маја непосредно пред операта „Мадам Батерфлај“ позираше во костимот и со маската што ги носеше, а ова нејзино селфи веднаш привлече внимание кај многумина на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Маја Гроздановска Панчева
Неколку дена претходно пак, Маја заедно со своите ќерки беше неколку дена на море во Грција, па ја отворија и сезоната на костими за капење.
Тогаш Маја сподели и една фотографија на која носеше дводелен син костим за капење а во кој изгледаше како излезена од списание.
Инстаграм/ Марија Панчева
Таа и на свои 52 години изгледа феноменално и има тело на кое можат да и завидуваат и многу помлади дами од неа.
Како Маја изгледаше и во ова издание, ѕирнете тука…