Наши ѕвезди

Беше весело во домот на Сашко Коцев, актерот никогаш посреќен – овие две дами му го разубавија животот

Познатиот актер славеше роденден, си доби преслатка честитка и од сопругата

Advertisement

Нашиот познат актер го прослави роденденот

Еден од нашите најпознати актери, Сашко Коцев, го прослави својот роденден, па на Фејсбук им се заблагодари на сите за честитките.

Advertisement

Тој доби бројни честитки од пријателите и фановите, а секако и од својата сакана сопруга, познатата докторка Смилјана Бундевска.

Сашко кој важи за еден од нашите најпознати актери, има голем број обожаватели како заради бројните улоги, така и заради шармот и харизмата. И многумина од нив му испратија преубави честитки за роденденот кои му го разубавија денот на актерот, посебно оние што ги доби од своите најблиски.

Advertisement
Приватна архива

Потсетуваме, Сашко својата сакана сопруга Смиљана ја запроси на „Златна бубамара на популарноста“ во 2012 година.

Приватна архива

Тој е еден од нашите најдобри, но несомнено и еден од омилените актери на публиката, а во низата на маестрални улоги, во 2017 ја вброи и најголемата – кога во месец октомври му се роди ќерката Јоана.

Приватна архива

Во една пригода поразговаравме со него токму на оваа тема, кога ни откри како се снаоѓа во оваа негова најважна улога во животот, но и како успева да го усогласи приватниот живот со професионалните обврски.

Приватна архива

„Морам да признам доста тешко, но тоа не значи дека не е изводливо. Ако твојот партнер точно знае и ја разбира твојата работа НЕМА проблем. Но, секако се јавуваат недостатоци на заеднички поминато време, што раѓа доста недоразбирања.. кои секако се од љубов, а не од нетрпение. Најтешка ми беше 2019 година. Во истата година подготвував претстава со главна улога МАКБЕТ, подготвував ЗЛАТНА БУБАМАРА, играв во краткометражен филм, три улоги во три серии и три во долгометражни филмови. Едноставно не можам да ја опишам тагата заради отсутноста од дома од моите две дами“, изјави тогаш Сашко за Гламур.

Целото интервју со него прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button