Беше весело во домот на Мики и Светлана Црнокрак – пристигнуваат честитки, сите се радуваат (фото)
Светлана Црнокрак сподели преубава вест

Ќерката на Светлана и Мики Црнокрак славеше роденден
Моника Црнокрак, наследничката на познатиот македонски пар, го прослави својот 27 роденден.
Моника која важи за една од нашите најпознати манекенки, а успешно плови и во водителските води, на социјалните мрежи сподели фотографии со тортата што си ја доби.

Фејсбук/ Моника Црнокрак
Претходно нејзината мајка и го честиташе роденденот со заедничка фотографија, но и преслатка порака
„Среќен роденден девојче на мама, те сакам“, напиша Светлана врз фотографијата на која позираат една покрај друга.

Фејсбук/ Моника Црнокрак
Следните фотографии што Моника ги сподели се од нејзиниот дом, со новогодишната елка во позадината.
Во фокусот е тортата со свеќичките во форма на бројот 27, но и убавата насмевка на славеничката.

Фејсбук/ Моника Црнокрак
Потсетуваме, Моника неодамна се врати од патување од една од омилените и најпознатите светски дестинации.

Фејсбук/ Моника Црнокрак
Таа тогаш сподели неколку снимки и фотографии на Инстаграм од луксузниот хотел во кој тогаш беше сместена, а најмногу внимание привлече со фотографиите на кои позираше со момчето.

Фејсбук/ Моника Црнокрак
Како оваа наша прекрасна дама изгледаше и во ова свое издание, покрај своето момче, потсетете се тука…



