Наши ѕвездиСтил

Беше тешко болна, но никогаш не покажа слабост – денес изгледа поубаво и посреќно од кога било досега

Жена која инспирира и која со своите дела и начин на живот ги мотивира и другите на позитивни промени

Advertisement

Прекрасно зајдисонце, но еден детаљ го украде вниманието

Нашата позната водителка Лила Филиповска сподели уште една фотографија со која никого не остави рамнодушен.

Advertisement

Водителката на квизот „Сé или нешто“ со секоја своја објава знае да привлече внимание на социјалните мрежи, а многумина за неа велат дека е една од најубавите и омилените жени во Македонија.

Таа секогаш добива бројни комплименти, а зошто е тоа така покажа и со своето селфи со кое направи хаос на мрежите.

Advertisement

Таа позираше во црвен фустан со отворено деколте така што во фокусот беа нејзините раскошни облини.

Инстаграм/ Лила Филиповска

На фотографијата се познава и разликата помеѓу исончаниот дел од телото и оној што не беше изложен на сончевите зраци во текот на летото, кои водителката овој пат случајно го откри.

Како изгледаше оваа наша заводлива дама за која велиме дека годините се само бројка погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инспирација за нашите дами

Потсетуваме, Лила многумина ја сметаат за мошне убава жена која и во шестата деценија од животот плени со својот шарм.

Таа за неколку месеци ќе наполни 54 години, но веќе со години изгледа речиси исто и покрај проблемите со кои се соочуваше.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, Лила ги изненади сите кога пред неколку години прв пат прозборе за тешката болест со која се соочуваше.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Ова беше мошне тежок период за неа низ кој таа излезе како победник, но и како жена со многу поголемо искуство.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа во минатото повеќе пати јавно зборуваше на оваа тема, сакајќи на овој начин да им помогне на сите останати кои се наоѓаат во ситуација слична на нејзината. Убавата водителка на овој начин им испраќа порака дека не треба да се предаваат и дека не се сами, но и дека со позитивен став и верба во себе може да се пребродат и најтешките моменти во животот и од нив да се излезе како победник.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button