Беше победничка на Фолк фест Валандово, а сега се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Еве зошто сите зборуваат за оваа млада дама

Македонката Ангела Влинтовска оваа сабота во „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Исидора Бишевац.
Тие и двете освоија по три гласови од жирито, што не беше доволно директно да поминат во следниот круг.
Но на крајот од емисијата водителот Војо Недељковиќ ги изненади сите кога соопшти дека уште шестмина од баражот ќе добијат уште една шанса, а шармантната Македонка беше една од нив.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
21-годишната Ангела е во тимот на Снежана Ѓуришиќ и овој пат се претстави со песната „Ако згрешам“, оригинално изведена од легендарниот Пепи Бафтировски, а потоа и со веселата песна „Мики, Мики“, од Александра Слаѓана Милошевиќ.
Кеба, кој гласаше и за двете пејачки, порача дека Македонката, според него, требало да добие уште некој глас.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Од друга страна, Ана Бекута можеби најсимпатично опиша како изгледаше настапот на кандидатките, истакнувајќи дека мора да се опуштат, дека преголемата трема им е сериозен проблем.
„На тебе ти е поважно како ќе изгледаш отколку пеењето. Ја разбирам и тремата и сé, но мора за почеток да се опуштиш. Никој нема да ти замери нешто посебно, тоа истото го мислам и за Ангела“, изјави Бекута.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Од друга страна, Дара Бубамара беше поостра, па не даде глас за ниту една од кандидатките во овој дуел, со следното обраќање:
„И двете изгледаат ангелски, стајлингот, песните, се беше топ, но бевте тенки. Морам да бидам чесна и нема да гласам ако нешто не ми се допаѓа“, го образложи популарната пејачка својот став.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
И Цеца Ражнатовиќ се сложи со своите колеги од жирито, а сличен став имаше и Александар Милиќ Мили, додека Снежана Ѓуришиќ, како што пишува „Гранд.онлајн“, ја истакна можеби клучната работа заради која овие две дами овој пат кикснаа на грандиозната сцена.
„Затоа што претходните кандидати грмеа тука. И вие двете излеговте како две исплашени јагниња кои не знаат што ги снајде. Вчера зборувавме на тема страв и тоа мување на сцената, но тремата го направи своето. Верувам дека ќе дадеш се од себе во баражот, среќно и на двете“, истакна Снежана, која инаку и е менторка на Ангела во ова популарно шоу.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Ангела Влинтовска е родена и живее во Скопје (2004), а со музика се занимава од најмали нозе.
Таа на шестгодишна возраст го започнала образованието во нижото музичко училиште Илија Николовски Луј во Скопје, каде најпрво почнала да свири виолина, а потоа, во средното училиште и на клавир.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Има завршено Музичка академија и професионално се занимава со музика – свири на виолина во оркестарот на МОБ.
Ангела ја сака и народната и забавната музика, а минатата година победи на „Фолк-фест Валандово“ со песната „Темјана“.
Таа во претходниот круг настапи со песната „Стариот џумбушлија“ со која Ана Бекута во 91 година настапи на истиот фестивал на кој по повеќе од три децении победи и Ангела (Фолк-фест Валандово). Но Ангела и во претходниот круг не доби доволен број гласови, а помина благодарение на преседанот што го направи продукцијата (повеќе за ова тука).

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Инаку, Ангела овој пат во бекстејџот имаше поддршка од пејач од Македонија кој исто така се натпреваруваше во шоуто.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Станува збор за Дамјан Димевски, шармантниот пејач кого Цеца го нарече македонскиот Рики Мартин.
Инаку, Дамјан е внук на Добрила Ивановска Чабриќ, а повеќе за него прочитајте на линкот во продолжение.



