Наши ѕвезди

Беше келнер, а денес се дружи со Цеца и Македонките го обожаваат, па цел ден си добива пораки од нив

На Мики Секуловски денес му е роденден, еве колку години полни омилената Гранд ѕвезда

Advertisement

Македонската „Гранд“ ѕвезда од Велес, Мики Секуловски, денес го слави својот 39. роденден.

На шармантниот пејач цел ден му пристигнуваат честитки од сите страни, па дел од нив тој сподели на социјалните мрежи.

Advertisement

Меѓу пораките што ги доби на својот Инстаграм профил има и бројни честитки од профилите на неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и од поранешните колеги како Омар Џаферовски, со кого Мики и денес е многу добар пријател и се уште се дружат.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Мики Секуловски се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои високото второ место.

Advertisement

И тој како и минатогодишниот победник Никола Станишиќ беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ, а по натпреварот токму од неа доби предлог со кој балканската фолк-дива му го оствари сонот.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Имено, Мики веќе цела година настапува на концертите на Цеца во регионот како нејзин придружен вокал.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Тој настапува заедно со Јулија Петровиќ, која исто така беше во тимот на Цеца, за која се шушкаше дека се во врска.

Па таа Мики беше со Цеца и на концертот во Крива Паланка каде се појави и Никола Станишиќ, а кога имаше 50.000 луѓе.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Тој беше на сцената со балканската фолк-дива и пред само неколку дена, кога Цеца исто така ги сруши сите рекорди.

Како изгледаше Мики и во ова издание, потсетете се тука >>>

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Инаку, Мики е роден во Велес во 1986 година, така што денес заедно со своите пријатели ќе го слави својот 39-ти роденден.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Тој по образование е оперски пејач, но пред да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“ едно време живееше во Белгија.

Инстаграм/ Стефи

Тој таму работеше и како келнер, а Саша Поповиќ по еден од првите настапи во шоуто, го препозна неговиот талент, па му порача дека доколку остане во шоуто ќе му се отворат многу врати, но и ќе заработи голем сума на пари од пеењето, за прв пат во животот.

И тоа навистина така се случи, така што Мики нема никогаш да му ги заборави овие зборови на Поповиќ.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button