Беше болен, но не се откажа од Ѕвездите на Гранд – цела Македонија навиваше, но НЕ и овие двајца
Еве кој не гласаше за него

Давид Гиевски од Скопје има 29 години и во „Ѕвездите на Гранд“ заври со резултат пет – два во негова kорист.
Тој во шоуто самиот откри дека со денови претходно имал температура и затоа има проблем со гласните живи.
И како што му порача Александар Милиќ Мили, во него препознал некој што во следниот круг ќе биде подобар, па затоа и гласал за него.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Од друга страна Драган Којиќ Кеба и Дара Бубамара беа единствените кои му дадоа „паник“ на Давид.
„Ми изгледаше како да немаш никакво искуство иако имаш 29 години. Беше нестручно, аматерски, а втората песна, не мора да звучиш како Тифа, можеш да ја пееш таа песна и со драјф и не мора да асоцира на Тифа. Мислам дека можеш подобро, ти посакувам се најдобро“ заклучи Кеба по неговиот настап.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, во претходната емисија едно момче од Македонија со својата тажна приказна натажи многумина.
Станува збор за Бојан Илиевски кој и овој пат беше дојден со својата баба која кога тој прв пат се натпреваруваше, ја откри неговата тажна приказна и ги расплака сите во студиото.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Имено, Бојан од мал останал без двајцата родители, па сега ја има својата баба која и овој пат го бодреше од бекстејџот.
Бојан овој пат доби бројни пофалби од сите, а со освоените осум гласови помина директно во следниот круг.
Големо изненадување беше и тоа што Бојан овој пат за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид, со што ги воодушеви сите.
Како изгледаше и неговиот настап, потсетете се тука >>



