Берта и во шестата деценија има тело за медал – згодната Македонка ги збудали младите колешки (фото)
Многу дами би сакале да имаат вакво тело на нејзини години

Водителката веќе со години важи за една од најзгодните дами
Нашата позната водителка Берта Додевска на социјалните мрежи повторно привлече внимание со заводлива фотографија.
Берта веќе со години важи за една од нашите најзгодни дами од малите екрани, а својот сексапил често знае дискретно да ги истакне и преку своите објави на социјалните мрежи, но и многумина да изненади.
Фејсбук/ Берта Додевска
Имено, Берта и во шестата деценија нема ни грам вишок, па на линијата што ја има ѝ завидуваат и многу помлади дами.
Таа сега сподели фотографија од едно место во Хрватска, а сите беа изненадени од нејзината тенка половина и згодни нозе.
Фејсбук/ Берта Додевска
Пет работи што мора да ги направиш на Корнати: 1. Да изнајмиш брод, 2. да се симнеш на плажата Лојена бич, на островот Леврнака, 3. да ги баталиш сите планови. 4 Ништо. 5 Ништо, напиша Берта за овие преубави острови кои се наоѓаат во Далмација и кои од 1980 година се прогласени за Национален парк составен од бројни острови, осровчиња и карпи.
Берта на фотографијата позираше на бротчето, во опуштено издание, облечена во портокалов костим за капење.
На главата носеше капа и темни очила за сонце, а во фокусот беше нејзиното беспрекорно тело, без ниту еден грам вишок.
Фејсбук/ Берта Додевска
И овој пат следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед, а сите се согласни дека изгледа феноменално.
Потсетуваме, ова не е прв пат водителката која сите ја памтиме по емисијата „Незадолжително“ да ги воодушеви сите со своите фотографии. Таа со својот изглед е совршен пример за тоа дека жена може да изгледа супер и во шестата деценија, за што сведочат и нејзините објави на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение…