Секако дека не треба да чекате да се пензионирате за да ги пробате овие комбинации, особено затоа што во нив секоја девојка изглед елегантно и женствено.
Бело од глава до пети е нешто што секоја девојка треба да го проба барем еднаш секоја летната сезона, а потоа ретко која ќе се откаже од овие шик парчиња. Еве на пример тие се совршени за празникот што следува. Секако доколку планирате да прошетате и да завршите во некој опуштен ресторан. Или пак за една стилизирана прошетка низ местото на кое што сте на годишен одмор, но и да го одбележите најтоплиот ден во годината кој што овој пат, кај нас, се поклопи со христијанскиот празник Огнената Марија. Да, има нешто мистично и неодоливо во овие комбинации, а зарем токму тоа не се основните детали во карактерот на секоја жена. Погледнете!
Можете да комбинирате со црни сандали …
Или пак, доколку времето ви дозволи, пробајте да експериментирате со различни нијанси не бела боја. Пробајте со крем јакна и панталони во комбинација со светло бела маица …
НО, не заборавајте ги и вашите елегантни бели рамни обувки …
Како и на комбинациите со високи потпетици во беж боја.
Доколку се одлучите за пократка варијанта, тогаш комбинирајте во горниот дел со оверсајз блејзер и еден пар бели салонки …
Или пак сандали …
И не заборавајте, овие панталони се „must-have“ за оваа сезона …
Како и комбинезоните …
Па дали овие фотографии се доволни за да ве натераат да скокнете во некое слично парче и да имате еден од оние безгрижни денови кога целото време ќе го одвоите само за себеси?