Рецепти

Десерт со кафе и бело чоколадо

Реклама
Реклама

Вкусните десерти никого не оставаат рамнодушен, нели? Направете го овој едноставен рецепт и уживајте во прекрасните вкусови…

Маркетинг

Foto: nespresso

Состојки

350 мл. свежо мрсно млеко
1 јајце
40 гр. шеќер
25 гр. густин
200 гр. бело чоколадо
2 шолји сварено благо кафе

Маркетинг

Начин на подготовка

Сварете го млекото на тивок оган. Во сад изматете го јајцето, шеќерот и густинот со жица. Кога млекото ќе се свари тргнете го од ринглата и во тенок млаз додајте го јајцето матејќи со жицата. Вратете уште неколку минути на огнот и мешајте со дрвена лажица додека смесата не се згусне малку. Потоа додадете го чоколадото и измешајте го за да се стопи.

Подгответе неколку мали чаши или длабоки чинии, ставете го во нив загреаниот крем и оставете да се излади. Кога кремот ќе се излади во секоја чаша додадете малку од подготвеното кафе. По желба додадете и шлаг.

Почекајте да се излади па уживајте во десертот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button