Реклама
Шопинг

Ви го откриваме трендот што наскоро ќе ги освои и Македонките

Реклама

Овие чизми се хит како во светот, така и кај нас …

По белите патики кои во изминативе неколку сезони ги носевме дури и со фустани, на ред доаѓаат белите чизми и тоа во сите облици, должини и форми. Тие се еден од водечките трендови за оваа сезона, а тоа можеме да го видиме и од фотографиите што познатите ИТ девојки ги објавуваат на Инстаграм. Најголеми виновници за овој тренд се брендовите како „Off-White“, „Ellery“ и „Monse“ но и познатите трендсетерки и ѕвезди што не можеа да му одолеат на новиот тренд и во изминатиов период ги носеа нивните модели во своите секојдневни изданија. Трендот беше популарен и во 60-тите години на минатиот век, а негова најголема предност е што со еден пар вакви чизмички можете да ја подигнете секоја комбинација. Можете да ги носите со фармерки и панталони, но и со фустани и здолништа во црна боја.

Маркетинг

Маркетинг

Па, ако ви се допаѓа овој тренд, отворете ја галеријата и погледнете какви бели чизми ќе сретнете оваа сезона низ продавниците…

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button