NEWSВести

Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози

Advertisement

Пожарот во Трубарево предизвика бројни полемики во јавноста, но и коментари на социјалните мрежи. Докторот Нико Беќаровски укажа на голем недостиг на доктори од неговата област, што секако се одразува и врз неговата работа и потребата од повеќе доктори како неговиот профил.

– КАДЕ СУМ, прашувате ???

Advertisement

Во Македонија се на сѐ сме 3 (ТРОЈЦА) супспецијалисти Клинички токсиколози, со просечна старост од 64 години и две супспецијализантки десетина години помлади.

До раните утрински часови бев дежурен на своето работно место на УК токсикологија каде ги третиравме експонираните од пожарите низ државава.

Во вторник повторно ќе бидам дежурен !!!!

Advertisement

Бројот на акутни труења и експозиција на отрови и злоупотреба на психоактивни супстанции и дроги рапидно расте.

За жал во држава како нашата потребата од КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ и ОНКОЛОЗИ рапидно ќе расте, без оглед колку овие специјализации и супспецијализации да не се атрактивни за младите доктори.

Дебатите по телевизии и социјалните мрежи, ќе ги препуштам на колегите теоретичари и медиумските парадери, кои веќе излегуваат и од “вашите фрижидери”, јас морам да одморам до следното дежурство (5) петто во месец септември !!!

Татковината се сака со дела и работа, не со зборови и празни фрази – напиша Беќаровски на Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button