Реклама
LIFESTYLEПатувањаРецепти

Бегство од градскиот хаос: Комитски Конак – таму каде што воздухот лекува, а вкусовите опиваат

Вистинско прибежиште од градскиот метеж – уживајте во свежиот воздух, топлиот амбиент и раскошните вкусови на традицијата.

Реклама

На само неколку километри од Пробиштип, во живописното село Плешенци, се крие вистинска ризница на традицијата и спокојот – комплексот Комитски Конак. Ова автентично место, сместено во срцето на Злетовската област, ги освојува посетителите со својот топол амбиент, совршен комфор и гурмански специјалитети, создадени за вистинско уживање.

фото кредит – Комитски Конак

Традиција во секој агол

Плешенци е мало, но историски значајно село, кое се наоѓа во подножјето на Црн Врв (1.200 м). Неговото постоење е поврзано со старите каравански патишта што во минатото го поврзувале Штип со Кратово.

Тука, во центарот на селото, во близина на непресушниот поток кој бил основен извор на живот, се наоѓа Комитски Конак – место што со својот патриотски дух нуди уникатно искуство.

Маркетинг
фото кредит – Комитски Конак

Комплексот располага со апартмани кои ги задоволуваат највисоките стандарди за удобност. Некои од нив се опремени со џакузи, а има и сауна, овозможувајќи максимална релаксација на гостите. За љубителите на активен живот, во рамките на конакот има фитнес центар, соба со билјард и конференциска сала за 30 гости.

фото кредит – Комитски Конак

Ресторанот Комитски Конак е вистинско уживање за гурманите. Со внимателно избрани рецепти, инспирирани од македонската кујна, секое јадење е приказна сама за себе. Тука може да се ужива во богати и автентични вкусови, кои никого не оставаат рамнодушен.

Маркетинг
фото-комитски конак
фото кредит – Комитски Конак
фото кредит – Комитски Конак

Пробајте од овчарската и комитската салата, од козјото сирење, од комитската плескавица, од комитската пастрамајка. Се служат и домашни колбаси, комитска пица, таканаречена плескавица за кумот (со свинско месо, сланина, кајмак и кулен), баница со спанаќ и со сирење, пастрамајка со бифтек, ребро во фурна и коленица, комитска пица со кулен, пршута, кашкавал и маслинки.

фото кредит – Комитски Конак
фото кредит – Комитски Конак
фото кредит – Комитски Конак

Природни убавини и духовен мир

Оние кои сакаат да истражуваат, во близина на Комплексот ќе најдат многу природни и историски атракции, па нема да ви биде воопшто здодевно.

Плешанци, црква Св.Петка, Фејсбук

Црквата Св. Петка, Кнежевско Езеро, како и познатиот Лесновски манастир, кој се наоѓа на само 20 минути возење со автомобил, се само дел од местата што вреди да се посетат. Манастирот Св. Гаврил Лесновски, сместен во згаснат вулкански кратер, со векови е значаен духовен центар и сведоштво за богатото културно наследство на Македонија.

Се верува дека манастирот бил изграден или во времето кога свети Гаврил се замонашил или по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот. Според одредени историски извори, тој потекнува од втората половина на 11 век.

фото-Фејсбук

Се раскажува дека во средината на 11 век, во близина на селото Лесново, заедно со него живееле уште тројца големи испосници – Јован Рилски, Прохор Пчински и Јоаким Осоговски. Нивниот заеднички подвижнички живот траел речиси три децении, по што секој од нив продолжил своја духовна мисија, а Гаврил Лесновски останал овде и го основал манастирот што денес го носи неговото име.

фото – Лесновски манастир Фејсбук

Манастирот не е значаен само по својата архитектонска убавина и мистичната атмосфера, туку и по духовната сила што се верува дека ја поседува. Според локалните жители, манастирот и самиот светец имаат моќ да лекуваат и да заштитуваат, а се верува дека неговиот дух сè уште бдее над ова свето место.

Селаните со гордост го нарекуваат просторот библиски, нагласувајќи ја неговата духовна важност.

Вистинско бегство од градската гужва

Комплексот Комитски Конак не е само место за одмор – тука секој момент е доживување. Со својата мирна и чиста рурална средина, ова место нуди вистинска воздушна бања и бегство од градската врева. Ако сте во потрага по мир, релаксација или едноставно сакате да создадете незаборавни спомени, Комитски Конак е дестинацијата што вреди да ја посетите.

фото-комитски конак
фото-комитски конак

Овде, традицијата и удобноста се испреплетуваат, создавајќи амбиент што ќе ве освои од првиот момент.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button