Реклама
MAMAКафе муабет

Бегајте од оние кои секогаш глумат ЖРТВА – од нив најмногу ќе патите

Реклама

Човекот има можност да го избира своето опкружување. Затоа, многу е важно да сфатите што сакате во вашиот живот, кои се вашите цели и според тоа да ги избирате личностите во вашата околина. Исто така треба да бидете внимателни и од вашиот живот да ги отстраните оние кои ве нервираат, ве омаловажуваат и ве прават несреќни.

ФОТО: apa.org

За ваша среќа, избегнувајте ги оние кои се претерано себични и кои се дружат со вас само поради некоја цел. Тие бараат премногу од вас, многу земаат, а ништо не ви даваат за возврат.

Навремето бегајте од оние кои секогаш се трудат да бидат во право. На таквите личност најважно им е да победат во секоја ситуација и секогаш, ама баш секогаш сакаат да бидат во право. Не треба да се дружите со личности чиешто однесување во јавноста се разликува од приватното однесување кај вас. Таквите не можете да ги доживеете реално и не знаете што може да ви спремат зад грб.

Маркетинг

Бегајте од оние кои секогаш глумат жртва. На таквите не им е проблем во секоја ситуација да се преправаат и да бараат сожалување. Според нивните зборови, можете да им верувате само ним, додека сите други работат контра вас. Тие ќе ве уверуваат дека се најдобри и дека другите никогаш не ви мислат толку добро.

Бегајте подалеку од луѓе кои брзо го менуваат своето однесување: сега се љубезни и фини, а за еден час се ладни и злобни. И за крај, чувајте се од луѓе кои лажат од каква било причина и одбиваат да го признаат тоа, затоа што тие имаат добра маска зад која се кријат, па никогаш нема да бидете способни да откриете какви се!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button