Шопинг

Повивање на бебиња со стил

Advertisement

Нешто неодоливо за најмалите во семејството …

Advertisement

Можеби не станува збор за револуционерно откритие, но swaddling-от повторно е во мода благодарение на бројните мали брендови кои креираат преубави сетови со специјализирани ткаенини за повивање (swaddle). Станува збор за посебен начин на повивање на бебиња како тие би се чувствувале многу подобро и посигурно, како да се во мајчина утроба, а и би биле посмирени и полесно би можеле да ги успиете.

Резултатот е неодоливо мало бебенце кое им е омилен мотив за фотографирање на мајките и татковците. Но доколку вашето бебе не е воодушевено од ваквиот начин на успивање – тогаш најдобро е воопшто и да не го присилувате.

Advertisement

Брендот Little Unicorn (www.littleunicorn.com) во својата понуда има некои од најубавите сетови за повивање кои што сме ги виделе досега. Направени се од муслин и органски памук, а на нив се отсликани најразлични мотиви. Од оние романтичните со цвеќиња, па се до слатките мотиви со животни и шарените минималистички риги. Во моментите кога бебенцето не е замотано во нив, овие swaddle пелени можете да ги употребите како подлоги за лежење или нежни летни покривачи откако ќе ја надминете swaddling методата.

Овие модели можете да ги порачате и онлајн. Проверете што се можете да најдете на нивната страна на следниот линк.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button