
Сивите зимски денови се на својот крај, а во воздухот сè повеќе се чувствува мирисот на пролетта. Овој месец е прекрасен за да се стане мајка, а исто така е и одличен месец за оние кои ќе се родат.
Дознајте што вели науката за бебињата родени во март.

1. Брзо ќе напредуваат во корпорациите
Бебињата родени во овој месец имаат најголема веројатност да напредуваат во кариерата. Истражувањата покажуваат дека најголем број директори на компании се родени токму во март.
Една студија спроведена врз 375 директори открила дека дури 12,5 отсто од нив го слават роденденот во март.
2. Помала е веројатноста да бидат кратковиди
Истражување спроведено врз 300.000 војници покажало дека децата родени во лето имаат поголем ризик од кратковидост. Пролетните бебиња, пак, имаат значително помала веројатност да ја развијат оваа состојба.

3. Природно се оптимисти
Студија од 2014 година покажала дека бебињата родени во март (како и нивните врсници од април и мај) се родени оптимисти. Тие имаат вроден позитивен став кон животот.
4. Имаат помал ризик од астма
Иако во ова време од годината има многу прашина и полен, што е непријатно за луѓето со алергии, тоа е всушност одлично за бебињата родени во март. Според истражување од 2015 година, овие деца имаат помали шанси за развој на астма, бидејќи изложеноста на прашина во првите месеци од животот го зајакнува нивниот имунолошки систем.

5. Веројатно ќе бидат „ноќни птици“
Истражување за спиењето покажало дека децата родени во пролет и лето најчесто ќе бидат ноќни птици кога ќе пораснат. Дури и како бебиња, тие не сакаат да заспиваат рано.
6. Оптимистични Риби или страсни Овни
Овие два хороскопски знаци се познати по својата одлучност и страст. Бебињата родени помеѓу 1 и 20 март се оптимистични Риби, додека оние родени по 20 март се огнени и страсни Овни.
Претходно, гламур.мк пишуваше за најубавото женско име во светот, прогласено за најубаво поради звучноста на изговор на различни јазици.
За кое име станува збор прочитајте ТУКА.