Шминка

Бебешка пудра – ваш пријател за убавина

Advertisement

Овој производ може да ви заврши голема работа при шминкањето, но и при третманите за убавина кои знаеме дека ги обожувате

 bebeshka

Advertisement

Бебешка пудра како шампон за суво миење

Бебешката пудра е идеално решение за суво миење на косата, бидејќи ги впива нечистотиите, а косата изгледа чисто и здраво. На темето нанесете малку од бебешката пудра, но бидете внимателни добро да го истриете за да не се забележува. Секако, ова е краткотрајно решение пред добро да ја измиете косата со соодветен шампон.

Бебешка пудра за волумен на трепките

Advertisement

Пред да ја нанесете маскарата, внимателно со прстите нанесете малку од бебешката пудра, па по неколку минути ставете и од маскарата. Ќе бидете задоволни од густината и волуменот на трепките.

Бебешка пудра за задржување на шминката

Со оглед на тоа што бебешката пудра ги впива маснотиите, добро е да нанесете малку по шминкањето. Со четката за пудра во прав, нанесете многу тенок слој од бебешката пудра за шминката да се задржи на место. Исто така, пред да нанесете кармин, на усните ставете тенок слој бебешка пудра која ќе овозможи долготрајност на карминот.

Бебешка пудра за смирување на иритациите на кожата

Бебешката пудра помага во заздравување на кожата од разни иритации и благи оштетувања. Овој производ е добар и за смирување на акните, а можете да го нанесете откако добро ќе го исчистите лицето со препорачаното средство. Бебешката пудра ќе ја смири вашата кожа и по депилацијата или бричењето.

Извор: fashionel.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button