MAMAБебиња

Бебенцето Марија заврши во вреќа за ѓубре откако погрешно ја прогласија за мртва, но се случи чудо – ова ли е лекарска етика?

Потресната приказна на малата Марија која го победи невозможното.

Advertisement

Приказната за денес шестгодишната Марија од Романија се уште предизвикува неверување, но и стравопочит кон девојчето. Имено, кога дошла на свет, прерано, кревка и беспомошна, лекарот кој требало да ја спаси ја прогласил за мртва, ја ставил во пластична вреќа и ја однел меѓу отпадот. Марија, сепак, не се предала. Денес е насмеано девојче што ги руши сите медицински правила.

Овој случај веќе се смета за едно од најморничавите медицински злосторства во Романија. Лекарот Флоријан Робе, познат во тамошните медиуми како „џелатот од Полизу“, се товари за обид за убиство и фалсификување медицинска документација. Пред судот се брани дека е невин.

Advertisement
фото-анплаш

Прогласена за мртва додека била жива

Мајката, Марина Плетоу, во 24. недела од бременоста била итно префрлена во породилиштето Полизу. Робе го примил родилката, го започнал породувањето и веднаш го етикетирал бебето како „производ на зачнување“, термин што во романскиот здравствен систем значи дека новороденчето нема шанси за живот.

Родителите биле информирани дека нивното дете е мртво. Марија била однесена во мртовечница во метален сад, иако всушност било живо.

Медицинските сестри двапати известиле дека бебето покажува знаци на живот, но лекарот – како што тврди мајката – инсистирал бебето да се остави таму.

„Оставете ја таму. Донесете ми ја само да ја пресечам папочната врвка“, рекол.

Бебето било ставено во цврсто врзана пластична вреќа и оставено така цела ноќ.

И тогаш – се појавила таа, сестрата која дежурела, опфатена со сомнеж и чувство дека нешто не е како што треба, го отворила вреќата во ѓубрето. Однатре слушнала слаб, кревок обид за здив.

Тоа била Марија. Жива.

Сестрата го зграбчила бебето и веднаш го префрлила на неонатологија. Таа жена денес е нејзина кума.

Борба и најголемото чудо

Марија во болничките одделенија поминала три и пол месеци. Поради недостиг на кислород има одредени последици – се уште не зборува – но сите невролошки прегледи го покажуваат истото: таа е свесна, интелектуално развиена и борец со неверојатна сила. Проодела на една година и девет месеци, иако лекарите предвидувале дека ќе остане „како растение“.

Родителите дури по една година откриле што се случило таа страшна ноќ. Веднаш поднеле кривична пријава.

Лекарот пред суд, но и понатаму работи

На првото рочиште, Робе се изјаснил дека не е виновен. Според адвокатот на семејството, тој не покажал ниту грам каење.

Шокантниот дел? Лекарот и понатаму работи во породилиштето Полизу во Букурешт.

Мајката Марина со решителност вели:

„Не барам извинување. Барам само правда, и да не му дозволат никогаш повеќе да допре пациент.“

Иако повеќе не можеле да добијат друго дете, родителите во Марија го гледаат најголемото чудо – девојче кое ја победило смртта и студенината вреќа за ѓубре. Дете кое требало да преживее.
А го направило токму тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button