Реклама
Култура[тор]

Побрзајте, се уште имате доволно време да го посетите најинтересното кино во Македонија (но и да ја запознаете светски познатата порно актерка Стоја)

Реклама

Ова кино ви нуди многу повеќе од гледање филм

Заборавете на пребарувањето телевизиски канали и на сите онлајн адреси на кои можете бесплатно да гледате филмови и серии и поминете незаборавна филмска ноќ во најубавото летно кино во Македонија. Имено, од 19 до 22 јули се одржува првото издание на фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“ на плажата Оревче во Охрид со платно поставано во езерото! Па доколку случајно ветерот викендов ве носи во Охрид или веќе сте го спуштиле сидрото во близина на ова прекрасно место, ве советуваме наместо серии и филмови да се опуштите и да избегате од стварноста со добар европски филм на едно од најубавите места во Македонија.

Маркетинг

Три филма што МОРА да ги погледнете

„Holiday“

Проекцијата на филмот ќе биде на 20.07 во 22 часот

Дански филм за љубовен триаголник кој е направен од жена на еден ситен мафијаш, фатен во мрежа на луксузот и насилството во една современа ганстерска приказна сместена во прекрасното крајбрежје на Бодрум, на турската ривиера. Филмот дефинитивно ќе им се допадне на сите што сакаат криминални приказни.

Маркетинг

„Ederlezi Rising“

Проекцијата на филмот ќе биде на 21.07 во 22 часот

https://www.youtube.com/watch?v=fLzGLpoXiqY

 

Филмот е возбудлива научно фантастична приказна сместена во блиската иднина, за првата мисија на Алфа Кентаури која што ја прави мултинационалната корпорација Едерлези. Тие го ангажираат Милутин, астронаутот со словенско потекло, кој тренингот го поминува во ново оформениот футуристички Советски Сојуз, а како придружничка му е доделена Нимани, женски андроид програмиран да ги исполни сите негови желби. Откако ќе му ги исполни сите сексуални потреби и ќе му здодеат сексуалните игри со неа, Милутин одлучува да го стартува повторно оперативниот систем и да го сопре нејзиното однапред програмирано однесување, така што ќе функционира само со информации што се генерирани од нејзиното искуство со него за време на патувањето.

На тој начин Милутин го претвора андроидот во нешто што е најблиску до човекот, но откако ќе стане таков, Нимани влегува во депресија и станува деструктивна…

Дали ви кажавме дека филмот ќе се прикажува во сабота, во 22 часот и дека на проекцијата ќе биде присутна и порно актерката Стоја која всушност ја игра Нимани, главната женска улога во филмот?

„Исцелител“

Проекцијата на филмот ќе биде на 22.07 во 22 часот

Па ако досега не сте го гледале овој генијален македонски филм, еве ви сега одлична шанса да го направите тоа на еден навистина посебен начин.

Каде да се сместите?

По проекцијата на филмот и добрата забава на посетителите им предлагаме да се сместат во некој од познатите хотели и вили во стариот дел од Градот. Наш предлог е хотелот Вила Јована кој важи за еден од најпосетуваните објекти преку Booking.com во регионот на Охрид. Хотелот се наоѓа веднаш до куќата на Робевци, на само 11 минути од плажата, во срцето на Стариот град кој е под заштита на УНЕСКО. Зградата е од 19 век и е потполно реновирана од неодамна. Собите се со старински дрвен мебел, со панорамски поглед и модрени содржини. Покрај симпатичните и елегантни соби за одмор, од оваа локација можете да тргнете да го истражувате стариот град и да пробате одлична храна во локалните ресторани.

Еве кои места НЕ сmеете да ги прескокнете при вашата следна посета на Охрид

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button