Беа неразделни, но животот ги однесе на два различни континенти – оваа нивна песна не се заборава!
Еве што прват сега Маријана и Росана

Посебен ден за нашите познати близначки
Тие долго време важеа за најдобри пејачки во Македонија, а како близначки привлекуваа внимание и во цела Југославија.
Станува збор за близначките Маријана Новачевска и Росана Сариќ – Тодоровска кои одбележаа една цела ера во нашата музика.

Фејсбук/ Маријана Новачевска
Тие деновиве го прославија нивниот роденден, па на социјалните мрежи добија бројни честитки од пријателите и фановите.
Нивната кариера започнува на почетокот на 80-те години на минатиот век, а во 1982 година настапија во Опатија, Хрватска.

Принтскрин/ Јутуб
Нивните најпознати песни важат за евергрини, а малкумина знаат дека и нивната мајка, Гордана, била првата мисица на Куманово.
Но наместо да гради кариера како модел, Гордана по две години, на 14 декември 1964, го раѓа близначките.

Принтскрин/ Јутуб
Како изгледала нивната мајка откријте тука, а во продолжение потсетете се и на најголемиот хит на овие прекрасни дами.
Инаку, Маријана Новачевска својот роденден го прослави во Мелбурн, каде што живее веќе со години, а објави фотографија со својата внукичка, но и со тортата и им се заблагодари на сите за честитките.

Фејсбук/ Маријана Новачевска
За разлика од Маријана, нејзината близначка Росана Сариќ Тодоровска остана да живее во Македонија.
Таа е во брак со актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче со кого минатата година прославија 35 години брак.

Маријана и Росана, фото-Фејсбук
Потсетуваме, Росана неодамна на јубилејното 40-то издание на Макфест ја изведе нивната заедничка песна Признавам.
Но бидејќи беше сама на сцената, без својата сестра, не можеше да ги задржи емоциите, па и се насолзија очите.
Како изгледаше овој момент потсетете се тука >>




