Огласи
Бизнис

Барате куќа на море, а од Грција ви е преку глава? Ова се најевтините места – некои се поетини и од Скопје

Една од овие локации ќе ве изненади...

advertisement
advert

Хрватското крајбрежје веќе со години наназад им го привлекува вниманието на инвеститорите во туризмот, но и на купувачите на недвижнини, но секако на оние со подлабок џеб.

Но покрај бројните недвижнини кои се со високи цени, постојат и подостапни опции, за кои не се потребни милиони евра. Па за љубителите на хрватското крајбрежје, еве неколку идеи каде можат да се најдат поевтини куќи или станови кои се покрај море, но кои имаат пониски цени.

Според најновите податоци на порталот Индомио во десетте најевтини крајбрежни градови и населени места бараните цени се движат од 1.319 до 3.018 евра за метар квадратен, во зависност од локацијата и видот на имотот. Како за споредба, цените за квадратен метар во Центар во Скопје се движат во просек од 1.550 до 2.100 евра.

реклама

Избраните дестинации, како што наведуваат, нудат добар сооднос цена-квалитет и имаат значителен развоен потенцијал, пишува Јутарњи.

Фото: Фрипик

Кои се најповолни локации за купување куќи и станови во Хрватска?

Куќите во Хрватска имаат попристапни цени од становите, а најниски цени нудат помалите крајбрежни градови и општини.

Марpкетинг

Па така на пример во Обровац, мало гратче во близина на Задар, сместено покрај реката Зрмања, цена на метар квадратен е 1500 евра. Слична цена за метар квадратен, односно околу 1580 евра за м2 има и Сењ, историски крајбрежен град со препознатлив пејзаж и богато културно наследство.

Од друга страна Риека, како трет по големина град во Хрватска каде се наоѓа и едно од најважните пристаништа во оваа земја, но и некои од најпознатите и најубавите плажи, можат да се најдат куќи по цена од околу 1880 евра за м2, што е поприфатливо од многу други места каде цената преминува преку 2000 евра за метар квадратен.

Што се однесува пак до становите, тие генерално се поскапи од куќите поради поголемата побарувачка, а најдостапни опции кога е цената во прашање се помалите градови и населби како Бакар, Врси, Краљевица, Сењ, каде метар квадратен може да се најде од 2300 до 2800 евра.

Фото: Фрипик

Цени на станови и куќи во Црна Гора

Во Будва цените на становите се движат од 1.500 до 3.000 евра за метар квадратен, додека куќите се поскапи и цените може да варираат од 2.000 до 4.500 евра за метар квадратен, во зависност од близината до морето, годината и квалитетот на градбата.

Котор, кој е на листата на најпосетувани медитерански градови, има нешто пониски цени на недвижностите во споредба со Будва. Просечната цена на становите се движи меѓу 1.500 и 2.500 евра за метар квадратен, додека цените на куќите се движат од 2.000 до 4.000 евра.

Херцег Нови и околината се нешто поевтини, па тука може да се најде стан и поевтино отколку на пример во Охрид, односно за околу 1.200 евра квадрат. Куќите во овој дел на преубавиот Которски залив се движат од 1.500 до 3.500 евра за метар квадратен.

Бонус видео

Нашата Марјана во Црна Гора

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button