Бараат да се забрани „Тему“ во Македонија?! Граѓаните изненадени, еве што пишуваат на Фејсбук (фото)
Необичен прелог за иницијатива се појави на Фејсбук...

Потребно е итно реагирање да се заштитат сите помали бизниси како и дел од трговијата, пишува во оваа иницијатива за Тему…
Пред неколку дена на една Фејсбук страница во Македонија, на која корисниците споделуваат совети во врска со „Тему“, се појави една необична иницијатива од еден наш сограѓанин.
Имено, еден корисник на страницата „Тему Македонија искуства и препораки“ на Фејсбук сподели барање од еден друг корисник во врска со иницијатива да се забрани Тему.
Принтскрин/ Фејсбук
Како што може да се прочита од споделеното, станува збор за лице кое бара совет како да покрене иницијатива да се забрани популарната кинеска апликација, а со цел да се заштитат сите помали бизниси, како и голем дел од трговијата во Македонија.
„Нешто што сметам дека не е во ред е тоа што пратките кои се носат во Македонија бидејќи се носат на физички лица, не подлежат на никакви царини и даноци, додека увозниците, односно правните лица, на таквите стоки во нашата држава подлежат на царински стапки и даноци“, пишува во објавата споделена на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Фејсбук
Ова објава првенствено беше споделена во една група на Фејсбук во која корисниците од нашат земја можат да споделуваат правни искуства и совети, а потоа истата беше споделена и на Фејсбук страницата во кои се споделуваат совети поврзани со „Тему“.
Следуваа бројни реакции од страна на корисниците, а повеќето од нив ја осудуваат и критикуваат ваквата иницијатива.
Во продолжение прочитајте некои од нив…
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Па, што мислите за оваа предлог иницијатива да се забрани популарната кинеска апликација „Тему“ во Македонија?