Рецепти

Банички какви што нема ни во најдобрата пекарница во Македонија – старински рецепт од Зорка, како што ги правеле нашите прабаби

Мирисот на свежо печени банички ќе ви го разбуди целиот дом и ќе ги натера сите да се соберат околу трпезата.

Advertisement

Овој рецепт за банички, кои ни ги зготви Зорка Јанчева од Тиквешијата, ќе ве однесе во минатото, во времето кога нашите баби ги подготвувале со многу љубов и внимание.

Со самиот начин на подготовка, ќе ги почувствувате тие ароми кои ќе ве потсетат на домашната традиција и топлината на родната куќа.

Advertisement

Овие банички имаат неодоливи ароми кои ќе ве одведат во детството, со секој залак.

фото-приватна архива

Тестото е меко, а однадвр крцкаво, додека сирењето и празот создаваат совршен баланс на вкус. Се топат во уста!

фото-приватна архива

Состојки:

Advertisement

2 кг брашно

1 лажица сол

1 дл зејтин

1 мала лажичка бел оцет

Млака вода (по потреба)

Баничките можат да се полнат по желба, со сирење, со месо, со зелка, со праз, како и со различни комбинации од неколку состојки. Зорка ги подготви со праз, сирење и кисела зелка. Но изборот за полнење е ваш!

Начин на подготовка:

Се меси со млака вода средно меко тесто.

Се прават топчиња, со големина по желба, на Зорка ѝ испаднале 13 топчиња.

Потоа, се намрсува плехот за печење со масло, се редат топчињата и се оставаат да отстојат околу половина час.

Во меѓувреме, се подготвува смесата за полнење, празот се потпржува, се додава црвен пипер за уште повпечатлив вкус. Смесата треба да се нананесе откако ќе биде изладена.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Корите се растегнуваат, се нанесува смесата за полнење и се превиткуваат корите по желба.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Наредени во тавата за печење се печат во претходно загреана рерна додека добијат златнокафена боја.

фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

Еден вкусен залак од овие банички ќе ве потсети на времето кога храната беше подготвувана со многу љубов и внимание. Ви посакуваме пријатен вкус и многу радост во вашата кујна!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button