Сите оние кои сакаат собно цвеќе, би требало да знаат дека оваа сезона актуелно е дрвото банана – егзотична билка со големи и мазни листови, вистински погодок за декорација на домот.
Оваа билка потекнува од Источна Азија и е една од најстарите култивирани билки, со повеќе од 400 видови распространети ширум светот. Ако и вие одлучите токму ова растение да го краси вашиот дом, кога ќе купувате особено барајте здрави билки.
Кога купувате дрво банана, земајте го предвид и садот во кој ќе ја сеете, висината на растението и бројот на корени. Оваа тропска билка сака топли услови и никако не поднесува температура под 11 степени Целзиусови. Сака дневна светлина, но не смее да биде директно на сонце.
Ако пак сакате да имате плод банана, растението држете го на место со многу светлина и висока температура, па имајте и големо трпение.