
Повеќето од овие работи секојдневно ги јадеме, а странците што ќе го посетат Балканот најмногу уживаат и во нашата храна!
Балканскиот појадок преставува вистинска симфонија на вкусови и мириси, составена од различни јадења кои типични за балканската кујна, пишуваат светските медиуми за традиционалниот појадок карактеристичен за овие наши простори .
Што се однесува до тоа што може да вклучи еден ваков појадок, тука пред сé се мисли на сирењето – младо сирење, фета, кое е богато со калциум и протеини, неопходни за зајакнување на коските и мускулите.
Покрај сирењето тука е секако и зеленчукот – свежи домати, краставици, пиперки, кромид и билки кои пак се извор на витамини, минерали и влакна кои го подобруваат варењето и целокупното здравје.
Фото: Фрипик
Кога станува збор за лебот, како што пишуваат и светските медиуми за овој интересен појадок од нашето поднебје, најдобро е тој да е интегрален или целосно направен од ‘рж (посебно ако е домашен!) со што на вашето тело ќе му обезбедите доволни сложени јаглехидрати кои се потребни за подолготрајна енергија.
Балканскиот појадок исто така вклучува и јајца, варени или пржени, кои се извор на протеини и здрави масти, потоа месо – пршута, шунка, колбас – по желба и без претерување, во умерени количини.
Јогурт или кефир: природни ферментирани млечни производи кои содржат пробиотици за здравјето на цревата.
Јаткасти плодови и семки: бадеми, ореви и семки од тиква – богати со здрави масти, витамини и минерали.
Маслиново масло кое е многу поздраво од обилното и придонесува за здравјето на срцето и крвните садови.
Една од главните карактеристики за балканскиот појадок е што се подготовка се користат свежи и природни состојки.
Тој може да биде разновиден, бидејќи од сето претходно споменато постојат голем број најразлични вкусни комбинации, а речиси секое домаќинство кај нас си има посебна формула за ваквиот појадок. И нешто што исто така е многу важно кај овој вид на појадок кој станува сé попопуларен и во светски рамки е и тоа што не бара премногу сложена термичка обработка, па така овие состојки се внесуваат без да ги изгубат своите хранливи материи.
Па, како изгледа вашиот омилен појадок? Дали би сакале во коментарите да ни ја откриете вашата највкусна тајна?