Балканската Шакира го запали Скопје повторно – и по скандалот во Бугарија, салата беше преполна?!
Ѝ го простија ли Македонците на познатата пејачка скандалот што пред две години го направи во Бугарија

Направи одлична забава
Познатата фолк-пејачка Теа Таировиќ вчера одржа уште еден концерт за паметење во салата Борис Трајковски во Скопје.
Пејачката концертот го започна со песната „Бакшиш“ и веднаш ги крена сите на нозе, по што следуваше одлична забава.

Инстаграм
Впрочем тоа може да е види и од бројните снимки што испливаа на мрежите, а на кои балканската Шакира во провокативно издание го изведува својот перформанс на сцената.
Таа се појави во појави во кожен фустан кој повеќе откриваше отколку што ги сокриваше деталите од нејзиното тело, но во текот на вечерта промени уште неколку интересни и гламурозни изданија.

Инстаграм
Црниот кожен фустан ги покриваше само интимните делови, додека големите отвори и кожните ленти го красеа целото издание.

Инстаграм
Солзи на песна од Тоше Проески
Еден од најемотивните моменти беше кога испеа песна од Тоше Проески, а потоа и заплака пред својата публика.

Инстаграм
Следуваше и моментот кога Теа ја запеа „Македонско девојче“, а на сцената се појави обвиткана во македонското знаме.

Инстаграм
Потсетуваме, Теа на промоцијата на концертот во Скопје беше пречекана од Калиопи, која овој викенд исто така направи спектакли за паметење, во Македонската филхармонија (види тука).

Инстаграм
Инаку, Теа и минатата година ја наполни салата, и тоа по скандалот што го направи кога многу Македонци и се налутија.

Инстаграм
Имено, како што може да се слушне од видеото што тогаш предизвика внимание и се вртеше на социјалните мрежи, Таировиќ на еден свој настап во Бугарија нашата изворна песната „Македонско девојче“ ја испеа така што наместо „Нема поубаво девојче од Македонче“, пееше „нема поубаво девојче од Бугарче“.
Ова предизвика револт кај македонската публика и бројни негативни коментари, по што Теа реши да се огласи и на својот Инстаграм профил. Таа тогаш напиша дека немала никаква лоша намера и дека не знаела дека Македонците и Бугарите имаат проблем, но и дека песната ја пеела на некоја девојка од публиката.
Повеќе за ова прочитајте тука >>

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм





