Како по обичај, напопуларниот турски пар е во центарот на вниманието.
Златниот турски пар, Фахрије и Бурак, незаборавниот Бали Бег, и понатаму се во фокусот на вниманието. Убавата актерка е во четвртиот месец од бременоста, а сите свои навики ги распореди за здравјето на бебето. Така, како што пишуваат турските медиуми, таа одлучила што помалку да го користи својот мобилен телефон, поради зрачење. Наводно нејзиниот сопруг ѝ се придружил во тоа, па покрај неа разговорите ги сведил на минимум.
И идниот татко презел неколку чекори за да го заштити своето потомство, па така на Фахрије ѝ забранил да вози автомобил до пораѓањето. Сообраќајот е полн со опасности, а стресот на бебето во мајчиниот стомак никако не му годи, вели тој.
Покрај тоа, како што се зборува, таткото отворил сметка за неродениот син и за почеток ставил околу 300.000 евра. Додека порасне неговиот син, тоа ќе биде вистинско богатство.