Погледнете ги новите модели на балетанки за оваа сезона …
Балетанките и оваа сезона се еден од клучните елементи како во неофицијалните, така и во деловните комбинации. Иако станува збор за чевли без високи потпетици, тие сепак изгледаат елегантно и женствено (особено моделите со врвки кои се еден од главните трендови за оваа сезона!), а удобноста и практичноста која ги следи ги става меѓу водечките парчиња на секоја шопинг листа.
Mango €14,99
Да, и балетанките кои најчесто ги носиме нечујно но и ноншалантно и полетно, можат стилски да ги подигнат нашите комбинации, особено кога ги носиме со тренди парчиња како што тоа го прават познатите ИТ девојки.
Погледнете ги фотографиите што следуваат и побарајте ја вашата омилена комбинација меѓу нив, а потоа, доколку сакате да ги видите и најубавите модели за лето 2016, кликнете тука или отворете ја галеријата која што ви е дадена на крајот.
Премини на следната страна >>