Гушкањето, галењето, бакнувањето – го поттикнуваат производството на окситоцини кои се поврзуваат со партнерот…
Истражувачите само пред неколку дена открија дека гушкањето со блиски личности може да ги намали стресот и тегобата, да го снижи крвниот притисок, па дури да го зголеми нивото на памтење. Но, од друга страна пак, гушкањето со странци и непознати може да има спротивен ефект. Стручните лица веруваат дека оваа појава се случува како резултат на дополнителниот поттик на хормонот окситоцин, кој се лачи веќе и при најмала ’гушка“!
Окситоцинот има поголем смирувачки ефект кај жените отколку кај мажите, а во една друга студија се вели дека краткото гушкање во утринските часови помага да се протурка стресен и тежок дена работа, пренесуваат од Huffingtonpost. Можеби најдобрата вест е што гушкањето не е единствен начин на кој можете позитивно да влијаете на вашето здравје и имунолошки систем.
Галење
Можете да го наречете и проширена варијанта на гушкањето – и тоа исто така го ослободува окситоцинот кој може да го намали крвниот притисок и воедно да не поврзе со партнерот.
– Невербалната комуникација може да биде многу моќен начин да му се каже на партнерот „Мој/а си!“. Галењето е начин да се рече „Знам како се чувствуваш“. Тоа ни овозможува да осетиме дека партнерот не познава на начин на кој зборовите не можат да го пренесат истото тоа – вели брачниот советник David Klow.
Љубовно шепотење
Дури и самото време поминати заедно, без допири, може да влијае на намалувањето на крвниот притисок, за разлика од времето кога не поминуваме со некој што ни е важен. Трудот кој што го вложуваме додека комуницираме може само да го зајакне вашиот однос.
Бакнување
Секако, бакнувањето исто така влијае на нивото на окситоцин и кортизол и баш како и мазењето и гушкањето, може да го намали стресот. Бакнувањето ги чисти и забите, затоа што го зголемува производството на плунка која која ги отстранува бактериите и помага во борбата против насобирањето на забниот камен.
Секс
Освен што овозможува опуштање и трошење на калории, времето поминато во постелнина, може да помогне поефективно да се борите против бактериите и грипот. Додека вашиот партнер не е заболен, неколку ’секс сеанси‘ неделно може да го поттикне производството на одреден број антитела кои се борат против настинката. Сексот исто така овозможува подобар сон, благодарение на релаксирачкото дејствие на окситоцинот и зголемувањето на хормонот пролактин кој обично се поврзува со текот на сонот.