Нега и здравје

Бакнувањето на детенцето во уста и делењето иста лажичка се поопасни отколку што може да замислите – новите докази ќе ве распаметат!

Микроби кои остануваат невидливи може да ја уништат насмевката - и на вашето дете, и на вас, еве зошто.

Advertisement

Вообичаените акти на љубов и грижа, како бакнување на бебе, односно малечко детенце, дување во храната со цел да ја изладите, пробување од храната со иста лажичка и воопшто споделување прибор – можат тивко да пренесат штетни бактерии.

Нова студија објавена во Journal of Dental Research покажува дека најчест пренос на овие бактерии се случува во рамките на семејството, најчесто од мајки на нивните деца, во најраните години од животот. Овој процес се нарекува „вертикален пренос“.

Advertisement
пекселс

Сепак, самото „фаќање“ на бактериите не значи дека веднаш ќе дојде до оштетување на забите. Сè зависи од:

– вашите хигиенски навики (четкање, чистење со конец),

– исхраната (шеќери и киселини),

Advertisement

– генетиката (некои луѓе имаат послаба глеѓ),

– протокот на плунка (сува уста значи поголем ризик).

Ако не ги миете забите редовно (три пати на ден), бактериите се размножуваат во наслагите (плак) и се создаваат идеални услови за уништување на глеѓта. Но, уште поважно, и без да знаете, може да ги пренесете на друг, најлесно на вашето малечко. Дури и со бакнеж. Дури и кога само ќе пробате храна со иста лажичка. Дури и кога ќе дувате во храната/млекото со уста пред да му ја дадете на бебето.

Симптомите не доаѓаат веднаш, но полека се појавуваат – од мали дамки, чувствителност на студено или благо, болка при гризење – сите овие се аларми! Но кога ситуацијата ќе излезе од контрола, тоа може да доведе до воспаленија во устата, односно на забите, а кај лица со послаб имунитет, бактериите може да навлезат и во крвта.

пекселс

Како да се заштитите себеси и вашите најблиски?

– Мијте ги забите три пати дневно со паста со флуор.

– да не го бакнувате бебето или малото детенце директно во уста, наместо тоа, бакнете го по главчето, во челото, високо на обравчињата, на очињата, рачињата, ножињата и тн.

– Чистете ги забите редовно со конец.

– Избегнувајте делeње лажички, чаши и шишенца.

– Пијте многу вода – плунката ги неутрализира киселините.

– Редовно посетувајте стоматолог.

Иако изгледа како мала навика, бакнежот што го давате со љубов може да пренесе невидлива закана. Затоа, не само што треба да ја чуваме својата насмевка, туку и насмевката на оние кои најмногу ги сакаме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button