Џенифер и Бред Пит НЕ се заедно?
Цел Холивуд зборува за овој бакнеж

Фотографијата на која Џенифер Анистон и Бред Пит се бакнуваат се појави на насловната страна на еден познат магазин кој оваа вест ја објави како светска ексклузива, но всушност станува збор за Фотошоп, односно ништо на сликата не е реално, ниту пак шпекулациите кои се појавија во магазинот.

Имено, фотографијата со Бред Пит е од едно снимање во Будимпешта од 2010 година, а жената со која тој се бакнува на оригиналната фотографија е од Анџелина Џоли. На фотографијата на која беше направена фотомонтажа, оставена е дури и нејзината рака.

Џенифер Анистон беше бесна кога познатиот актер ја остави заради Анџелина Џоли со која подоцна се омажи и доби деца. Џенифер по пропаднатиот брак со него се омажи за Џастин Теру.
Но во меѓувреме Бред и Џенифер се разведоа од своите партнери, па фановите ширум светот се надеваат на нивно повторно помирување.



