На листата со одлични музички имиња се придружуваат и Hercules And Love Affair и Citizens!
R’n’b и неосоул кралицата, Erykah Badu, ќе настапи на главната бина на Exit на третиот ден од фестивалот, во сабота, 14. јули. Оваа инспиративна американска пејачка, добитничка на четири Греми награди, има испишано значајни страници во историјата на соул музиката, прославувајќи се со својот автентичен вокал, ексцентричен изглед и хитовите како Love Of My Life, On & On, Bag Lady, Window Seat, Tyrone, Honey… Од деби албумот, Baduizm, објавен во 1997. година, па сѐ до последниот, New Amerykah Part Two (Return of the Ankh) од 2010. година, нејзиниот музички опус „дише“ со африкански ритмови, американски блуз, џез и фанк. Erykah Badu пред само неколку недели се појави како специјален гостин на неодамна објавениот деби албум на супергрупата Rocket Juice and The Moon, составена од музички великани како што се Damon Albarn (Blur, Gorillaz), Flea (Red Hot Chili Peppers) и Tony Allen. Минатата недела таа во разговор со S2S Magazine најави дека во 2012. ќе објави два албуми, и тоа нејзиниот четврти по ред соло проект, како и колаборативниот албум со својот бенд The Cannabinoids!
Ден порано, на главната бина на фестивалот ќе настапи и њујоршкиот состав Hercules And Love Affair. Музчкиот проект кој го предводи DJ Andy Butler е совршен спој на стариот диско и хаус звук, а хитовите какоBlind и You Belong, на кои гостуваа Antony Hegarty, фронтменот на составот Antony & The Johnsons, како и егзотичната Nomi Ruiz, го освоија светот. По исклучително успешниот истоимен деби албум од 2008. година, Andrew Butler со својот музички проект минатата година се врати на сцената со албумот Blue Songs, остварувајќи ја иницијалната идеја за постојана промена на придружните музичари и соработници, па моментно членовите на бендот се DJ Kim Ann Foxman Aerea Negrot, Shaun Wright и Mark Pistel. Добро „изгланцајте“ ги чевлите за танцување, бидејќи за вториот ден на фестивалот, овие инди херои ни подготвуваат вистинска игранка!
На Fusion бината на Exit фестивалот, на веќе најавените The Toy Dolls, Little Dragon и Buraka Som Sistema им се придружува, на 15. јули и британскиот состав Citizens!
Поп спектаклот на Fusion ќе ни го приредат Citizens! , нов, многу актуелен британски состав чиј музички талент го препозна и Alex Kapranos од групата Franz Ferdinand, кој ќе го продуцира нивниот албум првенец, Here We Are, најавен за 28. мај годинава. Инкорпорирајќи ги клучните елементи на добрите поп песни, мелодичниот вокал и музиката која ве мами на танц, со тронката одлична смисла за хумор, Citizens! со сингловитеTrue Romance иReptile се изборија за своето место на сцената, храбро чекорејќи по нестапнатите стази на жанрот, сами против, како што и самите велат, целиот свет, не сфаќајќи се притоа себе си премногу озбилно. Всушност, баш како што Citizens! секогаш истакнуваат: „Поп не е валкан збор!“
Настапот на овогодинешниот Exit фестивал кој ќе се одржи од 12. до 15. јули на Петроварадинската тврдина до сега го потврдија:
Guns N’ Roses, Duran Duran, New Order, Erykah Badu, Plan B, Avicii, Richie Hawtin, Gossip, Wolfmother, Luciano, Laurent Garnier LBS, Miss Kittin, Hercules & Love Affair, The Toy Dolls, Skindred, Little Dragon, Felix Da Housecat,
Totally Enormous Extinct Dinosaurs, Azari& III, BurakaSomSistema, Sneaky Soundsystem,
Art Department, MaceoPlex, Reboot live, Brodinksi, Kenny Larkin, Robert Dietz, Citizens!, D.R.I.,
When Saints Go Machine, MaayanNidam, Street Dogs, Lone, Pariah, Teengirl Fantasy live, The Chain
Влезниците за Exit кој ќе се одржи од 12. до 15. јули 2012. се во продажба. Повеќе информации за влезниците и продажните места може да најдете на: www.exitfest.org и www.mktickets.mk.
Врати се на прва страна.