NEWSЦрна хроника

Баба од Србија труела мажи на кои им должела пари – гравот и пијалокот ги претворала во отров!

Advertisement

Овој месец, Вишиот суд во Белград треба да ја изрече пресудата против Душанка Тодоровиќ (70), која е обвинета за две обиди за тешко убиство од користољубие. Според обвинението, таа се обидела да ги отруе двајцата мажи – Драгиша Јовановиќ (87) и Чедомир Благојевиќ (90) – со цел да не им ги врати парите што ги позајмила од нив.

Првиот инцидент се случил на 1 ноември 2019 година, кога Душанка наводно ставила неколку таблети бромазепам во гравот што му го подготвила на Драгиша Јовановиќ. Откако го изел оброкот, се онесвестил, а го пронашла неговата ќерка, која веднаш го одвела во болница. Животот му бил спасен благодарение на брзата интервенција. Само неколку недели подоцна, на 25 ноември 2019 година, Душанка повторно се обидела да убие, овојпат со труење преку пијалок. Жртва бил Чедомир Благојевиќ, кој бил пронајден во несвесна состојба од својот внук. И тој бил хоспитализиран и успеал да преживее.

Advertisement

Истражителите откриле дека Душанка имала емотивна врска со Драгиша, од кого позајмила околу 5.000 евра, но никогаш не му ги вратила. Кога тој почнал да ѝ ги бара парите, таа решила да го „замолчи“ со отров.

Во случајот со Чедомир, Душанка користела лекови што ги земала од куќата на Јовановиќ, за повторно да го успие и да го ограби.

На судењето во Белград, обвинителството побара максимална казна од 40 години затвор, што е највисоката можна казна според тогаш важечкиот закон. Одбраната, пак, бара ослободителна пресуда, тврдејќи дека Душанка немала намера да убие, туку сакала само да ги „успие“ жртвите за да ги украде доказите за долговите.

Advertisement

На едно од рочиштата, Душанка се бранеше низ солзи, тврдејќи дека не сакала да направи ништо лошо, туку само сакала да го земе листот на кој Драгиша ги евидентирал нејзините долгови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button