Реклама
MAMAКафе муабет

Баба – можеби најважната личност во животот на едно дете

Реклама

Бабата дарува топлина, добрина, нежност и љубов. Со нашите баби се поврзани најубавите сеќавања: безгрижни летни одмори, вкусни пити, сјајни палачинки и уште многу пријатни работи кои на децата може да им ги даде само блиска личност. Ароматичен џем, сладок чај, бајки за добра ноќ, безгранична љубов… уште колку многу асоцијации предизвикуваат нашите баби! Секако, најдобри и незаменливи!

ФОТО: verywellfamily.com

Но, не заборавајте дека блиското сродство е комплексен и меѓусебно поврзан организам. Значи, нашите емоции, однесување, добри и лоши навики, може да се пренесат заедно со гените на нашите деца и внуци. Затоа е многу важно да обрнете внимание на своето здравје и психолошка состојба. Кога си наштетуваме себеси, ненамерно нанесуваме штета и на идните генерации. Размислете за тоа! Грижете се за себе и водете сметка за своето здравје, а за тоа ќе ви бидат благодарни вашните внуци.

Чувајте ги своите блиски, дарувајте им ја својата топлина, љубов и внимание, па тогаш сите околу вас ќе бидат среќни! А денес посебно прегрнете ја вашата баба и бидете среќни што имате таква личност до себе!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button