Диети

Азиска диета: 3 килограми помалку за 10 дена

Advertisement

Азиската диета се заснова на растителна храна како ориз, овошје и зеленчук, а намирниците се јадат сирови или пржени.

Advertisement

Со овој здрав начин на исхрана за десет дена можете да изгубите до три килограми. Кај оваа диета не е толку важно колку ќе јадете, туку е поважно што ќе јадете во текот на денот, неделата, месецот. Суштината на диетата е во рамнотежата. Дневниот внес на калории се ограничува на 1200 калории.

Листа на храна што смее да се јаде

Секој ден:
Леб и житарки: Житарките се основа на азиската исхрана. Оризот е главна намирница која е на менито секој ден, а останатите житни намирници кои можете да ги јадете се резанци, пченка и леб.
Зеленчук: Свеж зеленчук се јаде секој ден и тоа во големи количини. Најдобар избор се моркови, зелка, зелен листест зеленчук и кромид.
Овошје: Можете да го користите како зачини или да го јадете свежо.
Јаткасти плодови: Соја во разни форми.
Растителни масла: Каков било вид.
Исто така, секојдневно можете да консумирате и млечни производи и риба.

Advertisement

Еднаш неделно:
Благо: што поретко тоа подобро, најдобро чувајте се за некоја специјална пригода.
Живина и јајца: јајца, пилешко и мисиркино месо се јадат еднаш неделно, како состојки за главно јадење.

Еднаш месечно:
Црвено месо: телешко, јунешко и свинско месо се користат многу ретко во азиската исхрана.

Истражувањата покажале дека азиската диета е многу здрава. Се заснова на намирници од растително потекло кои имаат многу малку калории. Се верува дека ваквите комбинации на храна се тајната за долг и здрав живот. Азиската диета содржи многу малку маснотии, а скоро и воопшто да не содржи заситени масти, што според многу нутриционисти е главната причина поради која диетата е толку здрава.

Најчести грешки во текот на диетата

Изборот на храна. Не ви се допаѓа нешто на менито, па сами си определувате замена. Ова е погрешно. Ако сте на диета, тогаш придржувајте се на диетата, бидејќи неа ја направиле стручни лица кои ги разбираат процесите во човековото тело. Затоа, ако сакате да имате резултати од диетата избегнувајте сопствени решенија.

Време. Вишокот килограми не се наталожил преку ноќ во вашиот организам и затоа ќе треба одредено време да се вратите во нормала. Поставете си реални цели, запишете ги на хартија роковите во кои сакате да изгубите одреден број на килограми.

Движење. Важно е да се движите колку што можете повеќе без разлика дали сте на диета или не. Најдобар рецепт за слабеење е комбинација на здрава исхрана и активности. Активностите можете да си ги изберете по желба, како ви одговара, не мора да минувате часови во теретана, доволно ќе биде да пешачите, пливате и сл.

Глад. Првите три дена се најтешки додека телото да се навикне на новиот режим на исхрана. Луѓето најчесто се откажуваат од диетите во првите неколку денови бидејќи е тешко да се издржи без храната и начинот на исхрана на кој се навикнале.
Затоа ослободете се од храната што може да ве стави во искушение и наполнете го фрижидерот само со намирници предвидени во диетата.

Од утре. Не се залажувајте дека ќе почнете од утре или од понеделник. Почнете веднаш. Без разлика колку е часот, напијте се чаша вода и отидете на прошетка или на џогинг. Заменете ја чоколадата со шака бадеми, соковите со чаеви, мрсните сирења со урда, ручекот дополнете го со голема салата и сл.

Детоксикација. Потрудете се барем два дена месечно да бидете само на вода цел ден за да го прочистите организмот од отровите и штетните материи.

Броење калории. Немојте да броите калории. Тоа само додатно ќе ве вознемири, како и вагата.

Изгладнување. Ниту една диета која содржи помалку од 5 оброци на ден не е добра. На човековото тело му се потребни повеќе помали оброци во текот на денот за правилно да функционира. Избегнувајте диети кои ве изгладнуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button