Вредат повеќе од три стана во центарот на Скопје – погледнете какви АВТОМОБИЛИ возат Цеца и нејзиниот сакан Богдан
Цеца само за едниот од овие „ѕвepoви“ потроши 140.000 евра
Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ ужива со девет години помладиот Богдан Срејовиќ.
Цеца очигледно одлучила нејзиниот љубовник да ужива во угодното „возикање“ со луксузниот автомобил, а многумина се прашуваат дали тој ќе продолжи да го вози или повторно ќе заврши во рацете на Богдана.
Имено, скапоцениот автомобил до скоро го користеше снаата на Цеца, Богдана Ражнатовиќ.
Од друга страна, Цеца за тоа време насмеана ја напушти вилата и неа ја возеше личен шофер во друг автомобил.
Во прашање е БМВ од 140.000 евра со кој пејачката се почести во март, а кој сега одвреме-навреме го вози и Богдан.
Инаку, Цеца и Богдан својата љубовна романса ја започнаа при крај на ноември минатата година. Тие се запознале на роденденската прослава на една нивна заедничка пријателка, а за кратко време запловиле во врска.
Пејачката не крие колку е заљубена и дека ваквата промена позитивно се одразила на нејзиниот живот.
И кога беше болен од корона беше со него
Богдан од претходниот брак ја има ќерката Искра која исто така ужива кога е во друштво со познатата пејачка.
Како што пренесоа српските медиуми, Цеца наводно и се грижела за својот сакан додека тој беше заразен од корона.
Тој деновите во изолација ги помина во нејзиниот дом, а пејачката цело време била со него.
Преку цел ден гледале филмови и серии. Коронавирусот ги зближил и нивната врска ја направи уште поцврста, бидејќи ова е прв пат откако запловија во врска, од пред неколку месеци, заедно да бидат под ист покрив толку време.
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов