Погледнете го овој рецепт за преубави карамелизирани австриски палачинки. Маркетинг Австриски палачинки со рум и суво грозје Австриските палачинки или Кајсершмарн (Kaiserschmarrn) се познат австриски специјалитет кој наликува на растурен омлет. Во превод Kaiserschmarrn значи царски парчиња (трошки), а освен за десерт овие преубави карамелизирани палачинки можат да се конзумираат и како ручок што е особено популарно помеѓу туристите на австриските и баварските скијалишта Маркетинг СОСТОЈКИ8 белки, 8 жолчки, 5 лажички шеќер, 240 г. брашно, 125 мл млеко, 60 г суво грозје, една лажица шеќер од ванила, лажица рум, малку сол, 100 г путер, шеќер за посипување. НАЧИН НА ПОДГОТОВKАкаИзматете млеко, жолчка, сол, рум, шеќер, шеќер од ванила и брашно. На оваа смеса додадете изматени белки и суво грозје. Загрејте половина од путерот, ставете половина од тестото, пптоа испечете го од двете страни, со вилушка исецкајте го на ситни парчиња, уште малку попечете го, па сервирајте го. На истиот начин испечете ја и другата половина од тестото и потоа сето задно допечете го во загреана рерна на 200 степени. Пред да го сервирате посипете го со шеќер од ванила и сервирајте со компот од сливи или кајсии. {JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right} |