Реклама
Секс

Што да правите ако вашето момче е поголем авантурист од вас во креветот?

Реклама

Разменувате секси фотографии и пораки за тоа што ќе си правите еден на друг во текот на вечерта, а тоа дополнително ќе ја зголеми и возбудата, од самото исчекување…

Дами, не губете нерви, не мора да бидете лик од „50 нијанси на сиво“ како би го ’зачинеле‘ својот сексуален живот.

Маркетинг

Лоши вести? Вашиот фраер е поголем авантурист од вас во креветот. Добра вест? Не морате да ги имитирате порно дивите или да го тепате со камшик за да ја откриете својата дива страна. Сé што ви треба се неколку сексуални орудија и забавата во креветот ви е повеќе од сигурна!

Маркетинг

Маскирајте се

Одберете некој лик (медицинска сестра, француска собарка, полицајка, списокот е навистина долг…), зграбете го костимот и изненадете го! На тој начин ќе се претставите како некој друг и со тоа ќе ги решите и сопствените несигурности. 

Кога дотерани учествувате во оваа игра, можете да изговорите и направите било што, иако тоа во ’нормални‘ околности никогаш не би го сториле.

Предиграта започнува порано

Разменете секси фотографии и пораки во текот на денот за тоа што ќе си правите еден на друг во текот на вечерта и со тоа дополнително ќе се зголеми и возбудата, од самото исчекување. Кога конечно ќе се видите, ќе бидете спремни (’како пушка‘) веднаш да ја соблечете облеката. Секси пораките се одлична работа за подгревање на страстите, само треба внимателно да ги праќате, како не би завршиле на погрешно место.

А во фотографиите во никоја случај не ставајте го сопственото лице, така да доколку некаде и ’истечат‘, никој нема да ве препознае.

Менувајте го местото

Секс во вашиот удобен кревет во приближно исто време – малку досадно, нели? Истите пози на некое друго место може да бидат многу повозбудливи! Затоа најдобро е да го зграбите фраерот и на откачен начин се исексате на отворено. 

Ако тоа ви е премногу (иако не би требало да биде), ’онадувајте‘ се во друга соба или на подот, столицата, масата во кујната или пак во бањата.

Снимајте се

Снимањето на вас и вашиот партнер како имате секс е еден од зачините кои сигурно ќе ве возбудат и двајцата, а вашиот секс ќе се подигне на сосема ново ниво. Сознанието дека сте пред камера ќе го извлече најдоброто од вас!

Иницирајте секс

Не смеете секогаш да чекате вашиот фраер прв да иницира секс. Изненадете го веднаш штом го видите, кога тој најмалку го очекува тоа! Ова можеби не изгледа како некоја голема работа, но факт е дека вие ја преземате контролата и тоа дополнително ќе го возбуди. Додавањето на малку авантура во спалната соба не мора да вклучува некои огромни промени, така да самото преземање на иницијативата може да ја покаже вашата дива страна во креветот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button